Апостол Павле ни заповеда да се однесуваме достојно на звањето (Еф.4,1)

Во што тоа се содржи? Му даваме нему збор:

„Мене најмалиот од сите светии, ми се даде благодат да го благовестувам… неоткриеното богатство Христово и да ви расветлам на сите… во што е устројството на тајната од вечноста сокриена во Бога, Којшто создаде се` преку Исуса Христа… во кого имаме слобода и пристап со доверба низ вера во Него… за вкоренети и втемелени во љубовта, да би разбрале… што е ширина и должина и висина, препознавајќи ја љубовта Христова, којашто го надминува разумот, за да се исполните со секоја ПОЛНОТА Божја.

А Оној кој делувајќи во нас може уште неспоредливо повеќе да направи од тоа што ние бараме и молиме… нека е слава… во вековите на вековите (Еф. гл.3).

Продолжувам да говорам за некои појави, кои што никако не можев да ги очекувам, земајќи во предвид – каков сум.

Не еднаш ми беше дадено да ја видам Божествената Светлина. Нежно со неа обгрнат бев исполнет со неовоземна љубов.

Во некои случаи надворешниот свет ја губеше својата материјалност и постануваше невидлив. Тоа што ми се случуваше припаѓаше на друго ниво на постоењето. А кога мене, на непознат начин ми се обновуваше чувството за светот, тогаш тивка тага продираше до душата, тага заради враќањето во телесниот живот.

Понекогаш доаѓав до помислата дека би можел и да не се вратам; молитвата од привременото, може да стане вечна состојба на душата. Видувањето на Светлината неизбежно е споена со благодата која нас не` воскреснува и да се напушти земјата во таква состојба е без сомневање – благослов.

Од житијата на преподобниот Серафим Саровски знаеме дека тој умрел за време на молитва; неговата душа го оставила телото кое што се` уште не било мртво; тој во рацете продолжил да држи запалена свеќа.

Скапа во очите на Господа смртта на Неговите светии (Пс.115,6).

Не сме ли ние сите должни на таков начин да заминуваме од овој живот?

„Вистина, вистина ви велам кој ќе ги запази зборовите мои, нема да види смрт до века“ (Јн. 8,51).

Молитвата е енергија од сосема поинаков вид. Таа е соединување на две дејства : нашето – тварното и Божјото – нетварно.

Како таква, таа е во телото и вон телото; дури и вон светот, одреден со времето и просторот.

Кога се наоѓаме во состојба на благотворен ужас од светоста на гледањето на Бога, а во исто време во очај заради својата крајна недостојност пред Бога, тогаш молитвата постанува моќен возлет на духот кој што го кине обрачот на тешката материја.

Ова наше дадено тело треба да се „одухотвори“ (1 Кор.15,50).

„А нашето живеалиште е на небесата, од каде што го очекуваме и Спаителот, нашиот Господ Исус Христос, кој што ќе го преобрази нашето понижено тело, така што со тоа ќе стане подобно на Неговото славно Тело, со силата преку која што Он може и да потчинува под себе, се.“ (Фил. 3.20 -21).

И така, ако сте воскреснале заедно со Христа, барајте го она што е горе, каде што Христос седи оддесно од Бога (Кол.3,1)

Превод: Мина Даниловска

Претходна статијаСАБОТА ОД ПЕДЕСЕТНИЦА – ЦВЕТЕН ТРИОД ( Благословен си Господи, научи ме на Твоите заповеди.)
Следна статијаОној што се бои од Бога…