Затоа започнав да ви кажувам: блажен е оној човек кој се бои од Бога, бидејќи вистина тој е мудар човек, и тој ќе има блаженство и во овој век и во идниот век.
Оној што се бои од Бога не сака да го зема туѓиот имот.
Оној што се бои од Бога не оди при туѓа жена. Оној што се бои од Бога и co својата жена живее во чистота, според редот на Црквата.
Оној што се бои од Бога не извршува абортуси, ниту е пијаница, ниту е пушач, ниту кавгаџија, ниту лакомец по туѓ имот, ниту е непокорен, ja почитува власта, според апостол Павле:
Тој дава на оној што е co чест – чест, оној што e co даноци – данок, оној што е co страв – страв, и никому ништо не останува должен, освен да Го љуби Бога и ближниот (спореди co Рим. 13,5-8).
Оној што се бои од Бога за време на светата Литургија не спие дома.
Оној што се бои од Бога не ги остава децата да растат во беззаконија, туку ги кара и исправа, ги учи да се поклонуваат на Бога, да постат, да одат во црква и да водат чист живот во семејството.
Оној што се бои од Бога не го губи залудно времето. Или работи или се моли на Бога или го чита Светото Писмо или размислува за идниот Суд, за смртта, за наградата, за блаженството на рајот и пеколот.
Оној што се бои од Бога го љуби секој човек и co многу љубов My помага на секој човек кој е во неволја.
Оној што се бои од Бога не го штеди својот имот од раздавање на сиромаси.
Оној што се бои од Бога е во голем страв не само да не зреши на Бога co дело или збор, туку и co мисла.
Но, зошто?
Бидејќи знае што вели Светиот Дух:
Дека Бог ја видел и ја гледа нашата мисла пред да се зачне.
Пренесено од книгата “Голем е Бог” од старец Клеопа