Стариот храм – Јуриј Воробјовски
Денот на одрекувањето на Николај II од престолот е навистина мистичен. Како самиот пекол да брзаше да здивне со олеснување. Привремената влада веднаш ги укина сите ограничувања на Евреите во Русија.
Наскоро, на меѓународно ниво е донесена Балфурската Декларација за формирање на „национално огниште“ на Евреите во Палестина.
„Каде се Златните врати низ кои во градот мора да влезе антихристот?“, го запрашав во Ерусалим својот туристички водич. Младото момче, кое до тогаш беше дружељубив и шармантен, во тој момент буквално позелене од бес.
„Не антихрист, туку м-е-с-и-ј-а!“ злобно нагласувајќи ја секоја буква.
Значи така! Водат туристи и поклоници, се грижат за својата работа и чекаат! Покрај секојдневните обврски – чекаат!
Главна мистична задача на населението стана градењето на Соломоновиот храм. Во секоја синагога низ вековите се изучувани зборовите на старозаветните пророци Агеј и Мелахиј за доаѓањето на Месијата.
Според пророштвата тој ќе седне во вториот храм. Што значи тоа?
Првиот храм кој го создаде Соломон е разрушен за време на вавилонскиот цар Навуходоносор. Вториот е подигнат на истото место при крајот на шестиот век пред Христовото раѓање.
Помеѓу ѕидовите на вториот храм за исполнувањето на старозаветните пророштва проповедал Христос – Месијата, кој е непознат за повеќето Јудејци.
Чекаат, макар што според зборовите Христови од тој храм не останал камен на камен. Него го срушиле римските легионери во седумдесетата година како праслика на крајот на светот.
Понатаму, следниот храм ќе биде трет. Меѓу другото, јудејците не обрнуваат внимание на таквите суштински околности. Нив не ги интересира ни отсуството на свештеници за тој храм, бидејќи свештенството е одамна укинато.*
Синагогите се школи, а не храмови. Јудејците, единствено жртви принесувале на ридот Морија во Ерусалим. Значи околу 2.000 години јудеизмот е лишен од храмов живот…
…Понатаму, кој ќе седне во новиот, трет храм?
Оној кој ќе се повикува на своето боженствено потекло и на тој начин ќе собере сила да го игнорира отсуството на првосвештеничкото преемство. Тоа е оној кој ќе соблазнува со своите чуда.
Да, доколку тоа се случи во третиот храм, а не во друг храм, човештвото ќе има работа не со Месијата, туку со…
Православното предание го нарекува антихрист. Зошто до сега не дошол кога во 1917 паднал оној кој го „задржувал“?
Вештачкото чување на древните тронови на запад и обидот на власт да се вратат древни династии, како што се Мервонзите, имаат само обратна смисла. Овде можеби се зборува за исполнување на пророштвото дека антихристот ќе се поклони на царевите за кое пишува апостолот Павле во посланието до Солунјаните (за доаѓањето на синот на погибелта).
Нападот на Третиот Рим стана со убиството на Православниот Император (Талмудот јасно говори: Во опустушувањето на Рим е нашата надеж).
Според истражувачите, на еден кабалистички натпис на ѕидот на Ипатјевскиот дом го има следното значење:
„Овде, по наредба на тајните сили, Царот беше принесен за жртва заради рушење на државата. За ова ги известуваме сите народи“ (Нема сомнеж дека револуцијата во Русија 1917 година е финансирана од страна на моќните еврејски банкари од запад.
Еве што има изјавено Јаков Шив кој е еден од нив:
„Финансирајки ја револуцијата во Русија, на еден вложен долар заработив шеесет“).
Од гледна точка на симболизмот, изборот на датумот на убиство и местото не се случајни, бидејќи во Ипатјевскиот манастир е основана династијата Романови.
Зошто не е дојден антихристот кога паднал „оној кој го спречувал“?
Уште на самиот ден на одрекувањето на Николај II од престолот, додека во храмовите се пеел Покајниот канон на Св. Андреј Критски, во храм во селото Колеменск се случило чудо.
Пронајдена е древна икона на Мајката Божја – Државна. Во рацете на Богородица биле монархистичките знаци, но царската кугла немала крст – тоа е симбол на обезглавувањето на Русија.
Што имаат видено духовните очи на православните луѓе во оваа случка?
Божја се јавила со тажен лик и со тоа наговестила дека ја превзема улогата на „задржување“ на себе.
На сличен начин во Втората светска војна е спасена Русија. Во моментите кога Сталин сериозно размислувал за да го предаде Ленинград, била одржана преписка помеѓу митрополитот Ливански Илија. Сталин ги прифатил наложените барања од митрополитот за спас на Русија.
„Ленинград не смее да се предаде, свештениците да бидат вратени од фронтовите и од затворите, да започнат со богослужение, храмовите да бидат отворени, да се изврши литија околу градот со чудотворната икона Мајка Божја – Казанска и дури тогаш ниту еден непријател нема да стапне на таа света земја…
Пред казанската икона треба да се богослужи во Москва, а потоа во Сталинград, кој не смее да се предаде на непријателот.“ Писмата на митрополитот и Сталин се чуваат до ден денешен во московските архиви.
Сталин ги исполнил сите барања и Русија била спасена. Ставајќи акцент на посебни заслуги на владиката Илија, Филмскиот журнал го забележал неговото доаѓање во Москва, на помесниот собор во 1954 година.
____________________
* Летото, 2001 година во најголема тајност, властите во Израел одобриле и овозможиле, со големо обезбедување, по барање на ултраортодоксните евреи се удрил камен – темелник на новиот соломонов храм. Поради ризикот од незадоволство од мусилманското население во Ерусалим, овој чин траел само пола час во присуство на малкумина лица.
Штом веста проструела низ светиот град, во џамијата Ал Акса и околу неа се собрале муслиманите и започнале со каменување на еврејските верници кои биле во близина на ѕидот на плачот.
Интересно е тоа што најголемиот број новински агенции зборувале за нередите кои се случиле, додека случката која го потикнала нередот бил премолчена.
превод: ѓакон Димитар Арсовски