Еднаш еден Американец го посетил свети Порфириј Кавсокаливит и му рекол дека дошол до заклучок дека Бог не постои…
Свети Порфириј на ова одговорил не со логички аргументи, туку со божествена вдахновеност:
„Неодамна сте купиле земја во Калифорнија. Кога ќе се вратите во вашата татковина, одете на источната страна на вашата парцела и ископајте дупка длабока околу еден и пол метар.
Таму ќе најдете амфора и голем број шпански златници од таа и таа година!
Оди дома и направи го тоа што ќе ти кажам, а потоа врати се и јас и ти ќе го продолжиме разговорот за постоењето на Бог…“.
Американецот не им веруваше на зборовите на свети Порфириј.
Но, кога се вратил во својата татковина, го совладала силна љубопитност: што ако ова е вистина?
Отишол на својот плац и почнал да копа на местото за коешто му рекол старецот.
И навистина, таму ископа стара амфора, во која имаше точно онолку монети колку што му кажа свети Порфириј.
Дури и датумот на монетите беше ист! Американецот беше шокиран!
Следното лето повторно отиде кај свети Порфириј и сè му раскажа.
Старецот внимателно слушаше и со љубезна насмевка одговори:
„Дете, ако не знаеш ниту што има во твојот двор, како можеш да расудуваш за она што е на небото?