Духовна литература РАДОСТ И СРЕЌА – Дедо Наум 11/07/2023 0 201 Којзнае што е среќа, a што несреќа? Многупати сме биле сведоци дека она што ни изгледало како несреќа – се претворилo во среќа; и обратно. +++ Заборави се себеси, мислејќи и работејќи за доброто на другите и радувај се! +++ Радоста нe произлегува од човечката слава, парите и разните задоволства на телото, туку од љубовта и слободата во нашиот живот. +++ И тагата може да биде причина за радост – вели легендата. +++ Нема поубаво од плачење насамо, поради вистинска причина. +++ Си пораснал кога тагата и несреќата ќе ги претвориш во материјал од кој ќе си ги градиш радоста и среќата. +++ Световната тага не може да се претвори во радост co задоволување на ниски страсти. А, вистинската радост – секогаш ја следи возвишена тага. дедо Наум