ПРАВЕДНИОТ ЧОВЕК ДОБИВА НАГРАДА УШТЕ ВО ОВОЈ ЖИВОТ

Видов души што трпеа неправда, и тоа го правеа co добри помисли, па благодатта се излеваше на нив и во овој живот.

Пред многу години ме посети еден побожен христијанин, прост и добродушен. Бараше од мене да се помолам Христос да ги просвети неговите деца за да не негодуваат и за да не се гневат на своите роднини кога ќе пораснат, поради големите неправди што им ги нанесле.

Ми раскажа за што станува збор, врз основа на што сфатив дека овој човек навистина е Божји човек.

Бил најстар брат од сите пет деца во семејството, a пo ненадејната смрт на нивниот татко им помагал на браќата како некој добар татко.

Работел напорно, стекнал уште повеќе имот и згрижил две сестри.

Кога се ожениле неговите помлади браќа, за себе ги зеле најдобрите делови од имотот, пасиштата, оставајќи му ги нему најлошите, неплодните и нивите co песоклива земја.

Накрај се оженил и тој, и добил три деца.

Бидејќи веќе беше стар, се плашеше неговите деца да не ja увидат оваа неправда и да не почнат да се гневат и да се лутат кога ќе пораста.

Ми рече:

– He ce грижам поради неправдата, затоа што го читам Псалтирот.

Една катизма после пладне и две катизми пред да се раздени.

Речиси напамет го научив Псалтирот.

Ниту еден псалм не кажува дека неправедните напредувале, туку дека Бог се грижи за праведните.

Јас, оче мој, не тагувам и не жалам за имотот што го изгубив, туку за своите браќа кои ги губат своите ждуши.

Потоа овој благословен човек си замина. Me посети после, отприлика, десет години, и тоа многу радосен, па ме праша:

– Се сеќаваш ли на мене, оче, се сеќаваш ли?

-Да – му реков и го прашав како е.

– Станав богат – ми одговори.

– Α како се збогати, брате?

– Ете, оние неплодни, песокливи ниви добија висока цена затоа што беа покрај морето. Овој пат дојдов да ми кажеш што да правам co олку пари?

– Обезбеди ги своите деца co пo една куќа и задржи нешто пари за нивното школување додека не се средат.

– Имам и за своите деца – ми рече, – но пак имам премногу.

– Прво, дај им на своите сиромашни роднини, а после и на другите сиромаси.

– Им дадов, оче, но има уште.

– Тогаш, дај пари за да се обнови црквата во твоето село и околните цркви.

– Дадов, но има уште.

Тогаш му реков:

– Ке се молам Христос да те просвети да направиш добро таму каде што најмногу е потребно.

После го прашав:

– Α што стана co твоите браќа? Каде се тие?

Заплака, co воздишки ми одговори:

– He знам, оче мој, им се изгуби секаква трага.

Ги продадоа имотите, нивите co маслинки и другите ниви и сега не знам каде се наоѓаат. Прво отидоа во Германија, потоа во Австралија, a cera немам никакви вести за нив.

Се покајав што го прашав за браќата, затоа што не знаев дека толку ќе се натажи.

Потоа го утешив, па си замина мирен.

My реков дека треба двајцата да се молиме за да добиеме добри и радосни вести и од нив.

Се сетив на псалмот, кој вели:

,,Видов страшен безбожник, кој се превознесуваше и издигаше κаκο кедар леванонски.

Поминав и, ете, го нема; го побарав, и не го најдов” /Пс. 36, 35-36/.

Токму тоа се спучило и co неговите бедни браќа.

 

Пренесено од книгата ,,Со болка и љубов кон современиот човек” од Старец Пајсиј Светогорец

Претходна статија5. Недела на Св. Марија Египетска (Свети Андреј Критски)
Следна статија,,Благословувајте и не проколнувајте…” (Старец Пајсиј)