Сѐ во сѐ заради нас стана

За Великиот вход и жртвата Христова, напоредно co верниците, се подготвуваат и свештениците co низа молитви и дејства.

Првата молитва е молитвата на Херувимската песна.

Служителот co неа ја признава и ја исповеда својата недостојност и божествената големина на тајната којашто е повикан да ја служи.

Меѓутоа, продолжува кон жртвеникот, токму затоа што не се потпира на сопствените сили, туку на милоста Божја.

Се потпира на океанот на божественото човекољубие.

Бидејќи човекот настанал од човекољубието Божјо и човекољубието Негово ни ја дарувало тајната на бескрвното служење.

Христос не дошол и не се принел само еднаш (авторот го има предвид литургиското принесување на Христос, како актуелизација – спомен, но и наше учество во „вечниот откуп извршен еднаш и засекогаш” – Евр. 9:11-28; заб. на ред.), туку непрекинато доаѓа на секоја Литургија, и Тој е Оној Кој принесува и Кој се принесува, Кој ја прима жртвата и им ја разделува на верниците.

Самиот Христос ја извршува и ја вопотполнува тајната на нашето спасение.

Овој настан е темел на кој се заснова тајната на Светата литургија.

Како што пишува свети Никола Кавасила, Христос е „истовремено хранител и храна.

Тој го поседува Лебот на животот, и Самиот е она што го поседува.

Тој е живот за оние кои живеат, мирис за оние кои вдишуваат, облека за оние кои сакаат да се облечат.

Тој е Оној благодарение на Кого можеме да се движиме, Тој е Пат како што е и свршеток и цел на патот.”

Α свети

Епифаниј забележува:

“Христос е Светилиште, Тој е Жртва, Тој e Свештеник, Тој Жртвеник, Тој Бог, Тој Човек, Тој Цар, Тој Првосвештеник, Тој Жртвена Овца, Тој Јагне, бидејќи сѐ во сѐ заради нас, за живот на секој начин да ни постане”.

Христос станал сѐ за човекот:

Тој е Свештеник Кој принесува, Јагне Кое се принесува, Бог Кој го прима приносот.

Плимата на божествена љубов ја донела во светот плимата на божествениот живот.

Да ги примиме божествените дарови и да My благодариме на Господа:

Ти благодариме, Господи Боже на спасението наше, бидејќи сѐ правиш за благосостојба на животот наш, за секогаш да гледаме во Тебе, Спасителот и добротворот на нашите души.

По молитвата свештеникот говори три пати:

Ние, кои Херувимите таинствено ги изобразуваме… да одложиме секаква животна грижа.

Α ѓаконот го дополнува:

За да Го примиме Царот на сите, невидливо носен од ангелските чинови. Алилуја, Алилуја, Алилуја.

Потоа свештеникотја кади светата трпеза, говорејќи во себе: Откако го видовме воскресението Христово… (ако е недела), потоа:

Пријдете да се поклониме… (три пати) и Педесетиот псалм до стихот: Тогаш ќе ти бидат угодни…

Потоа свештенослужителите, поклонувајќи се три пати пред светата треза и целивајќи го светиот антиминс, усрдно ги говорат тропарите:

Ти согрешив, Спасителу, како блудниот син; прими ме, Оче, како покајник и помилуј ме, Боже.

Ти повикувам, Христе Спасителу, co гласот на Митарот; очисти ме како него и помилуј ме, Боже.

Потоа секој, пo еднаш поклонувајќи се, на сослужителот му говори:

Простете ми, браќа и сослужителu.

И поклонувајќи се на народот, од чесните двери, говори:

Прости им, Боже, на оние кои нѐ мразат и на оние кои нѐ љубат.

Свештеникот оди кон светото предложение и, поклонувајќи се три пати на чесните дарови, говори три пати: Боже, очисти ме грешниот υ помилуј ме.

Истото го прави и ѓаконот.

Пренесено од книгата “Толкување на Светата литургија” од Еромонах Григориј Светогорец

Претходна статијаХерувимска песна (Толкување на Светата Литургија)
Следна статијаТој пат е покајанието! (Толкување на Светата литургија”)