Херувимска песна

Велик (Голем, но и Величествен) вход нарекуваме низа химни, молитви и дејства на служителот и народот.

Народот почнува да ја пее Херувимската песна, а служителот истовремено ja говори молитвата на оваа химна.

Црквата нѐ повикува да се подготвиме за дочекот на Царот на славата Кој влегува во Светиот град.

Hѐ повикува да се подготвиме co Heгo да го поминеме патот на мачеништвото и да бидеме покрај Heгo на крстот, заедно co Пресветата мајка Негова и ученикот кого го љубеше.

Да ја оставиме сега, вели химната, секоја грижа животна, бидејќи треба да го дочекаме Царот на сите.

Да направиме излез од светот на земните работи за да постигнеме влез во просторот на присуството Христово:

„Мудреците излегоа од Персија, за да одат да My се поклонат на Христа. Оддалечи се и ти од земните работи и стреми кон Исуса”, вели светиот Златоуст.

Истиот свет отец ни укажува на духовната сила co која ќе се воздигнеме над привременото и видливото:

љубовта Божја.

„Ако некој одвнатре гори co љубов кон Бога, повеќе не поднесува да го гледа ова што потпаѓа
под зрението на телесните очи.

Туку, откако стекнал други очи, ги подразбирам очите на верата, секогаш размислува за небесното и кон овие нешта го има умот устремен.

Иако оди по земјата, исто како да живее на небото, и така во сѐ делува…

Бидејќи сака да се воздигне од земјата на небото, ги остава сите видливи нешта долу и почнува co сите сили да трча, не запирајќи се и не лажејќи се co ниедна од нив пред да успее да се искачи на самиот врв”.

 

Нестрпливи сме да стигнеме на врвот на Голгота за да го прославиме празникот Христов. Затоа сме го напуштиле овоземното:

“Бидејќи вистинскиот празник e – таму каде што е спасението на душите, таму каде што се мирот и слогата, каде што е ставена во втор план секоја световна забава.

Празникот е таму каде што се ставени во втор план забрзаноста на готвачот и колењето на стоката, каде што животните грижи се заменети co aпсолутно смирение, синило, љубов, радост, мир и кротост, то ест co бесконечни добра”.

Ја одложуваме во рацете Христови секоја грижа животна или целиот свој живот го принесуваме кон Heгo.

Toj го подигнува нашето бреме и се искачува на Голгота. Тој се грижи за нашите животни потреби:

„Ако целата своја грижа”, ни кажува Господ преку устата на светиот ава Исак, ја претворите во грижа за Царството Небесно, нема да ве лишам од природните потреби на видливото”.

Светиот Златоуст ни говори дека душата која не научила да ги занемарува малите и земните работи
не ќе може да се восхитува на небесните.

Α оние кои ја вкусиле благодатта на небесата нѐ поттикнуваат на следниов начин:

Браќа, „никој да не влегува во храмот co овоземните стремења, грижи или стравови, туку откако сѐ ова ќе го оставиме надвор, пред вратата од храмот, да влеземе сите внатре.

Бидејќи влегуваме во небесните дворови, одиме пo местата каде што светкаат молњи”.

Ha овие места каде што светкаат молњи го пренел отец Тихон неговиот ангел чувар во моментот на Херувимската песна.

Говореше тој, како свештеник Рус, co својот слаб грчки:

„Во часот на херувиката ангелот чувар воздигнува. По половина час ангелот чувар спушта”.

Светителот Божји тогаш разбрал дека е среде Света литургија и дека треба да продолжи:

„За име Божјо, јас служам”, и ја продолжил Светата литургија.

„Старче”, го прашале, „што виде и што слушна за оние половина час”?

Α старецот одговорил: „Херувимите и серафимите Го славеа Бога”.

Таинствено следен од чиновите ангелски влегува Господ во Светиот град да се жртвува.

Црквата нѐ повикува оваа тајна на највисоката љубов Христова да ја почитуваме co молчание:

„Нека замолкне секое тело човечко, и нека стои co страв и трепет, и во себе нека не помислува ништо земно; бидејќи Царот над царевите и Господ на господарите доаѓа да биде заклан и Себе да се предаде за храна на верните; a пред Hero одат хорови на ангелите co секое началство и власт, многуоките херувими и шестокрилите серафими, засолнувајќи ги лицата и воскликнувајќи ја песната: Алилуја, Алилуја, Алилуја”.

i
Свештеникот ја говори молитвата на Херувимската песна:

Никој не е достоен од оние кои се врзани co телесни похоти и страсти, да приоѓа, или да се приближи, или да ти служи Тебе, Цару на славата;

зашто, да Ти се служи Тебе е нешто големо и страшно и за самите небесни сили.

Но сепак, поради Твоето неискажливо и безмерно човекољубие непроменливо и неизменливо си постанал Човек и Архиереј си ни бил, и како Владика на сите си ни го предал свештенодејствието на оваа богослужебна и бескрвна жртва;

Зашто, единствен Ти, Господи, Боже наш, владееш над небесните и земните, Ти си носен на престолот херувимски, Ти си Господ на серафимите и Цар на Израилот, Ти единствен си Свет и во светите почиваш.

Затоа Тебе, Едниот Благ и благопослушлив, Те молам, погледни на мене грешниот и непотребен Твој слуга и очисти ја мојата душа и срце од лукава совест, и оспособи ме co силата на Твојот Свет Дух, облечен co благодатта на свештенството, да претстојам пред оваа света Трпеза и да го свештенодејствувам Твоето свето и пречисто Тело и чесна Крв;

Зашто, кон Тебе приоѓам, приклонувајќи ја својата глава и Ти се молам да не го одвратиш Твоето лице од мене, ниту да ме оттргнеш од Твоите чеда, но удостој ме преку мене грешниот и недостојниот Твој слуга, да Ти бидат принесени овие дарови.

Зашто, Ти си Оној Којшто принесува и Се принесува; Кој прима и Се раздава, Христе, Боже наш, и Тебе слава Ти вознесуваме co беспочетниот твој Отец и пресветиот, и благиот, и животворен Твој Дух, сега, и секогаш и во вечни векови. Амин.

Пренесено од книгата “Толкување на Светата литургија” од Еромонах Григориј Светогорец

Претходна статијаНЕДЕЛА ОД ТРЕТАТА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ (видео)
Следна статијаСѐ во сѐ заради нас стана (“Толкување на Светата литургија”)