Духовност Целта на живеењето во пустината. (Преподобен Никита Ститат) 19/02/2022 0 500 Отфрли ја срамната мрзливост и достојната за прекор негрижа за Божјите заповеди; отфрли го самоугодувањето и вооружи се непоштедно против телото; презри ги славата и честа; намрази ги сласните телесни похоти; бегај од наситувањето, од кое се разгорува оган во органите за размножување; засакај ги сиромаштијата и немаштијата; бори се против страстите; кон себеси сврти ги чувствата на душата; твојата внатрешност нека работи за она што е подобро; не губи го твоето скапоцено време за придобивање на привремени и суетни човечки работи; сета своја сила употребувај ја за извршување на Божјите работи; плачи, спиј на земја и сакај ги сиромаштијата и немаштијата; и, најпосле труди се да го познаеш не тоа што е околу тебе, туку да се познаеш себеси; издигнувај се над ништожноста на видливите работи; твоето духовно око устремувај го кон созерцанието на невидливиот Бог; гледај ги небесните убавини и, кога ќе се вратиш оттаму, раскажувај им на браќата за убавините на вечниот живот и за тајните на небесното царство. Ете, ова е всушност бегање од луѓето преку тајно подвижништво, ова е и целта на живеењето во пустината. Преподобен Никита Ститат