Маскирањето отсекогаш било човеков предизвик, но и соблазна.
Постои надворешно и внатрешно маскирање. Поединечно и групно.
Некој се маскира цела година, а некој се маскира два-три пати во годината.
Некој се маскира за на сите да им стане сѐ, а некој се маскира за од сите да добие сѐ.
Некој се маскира да избрка духови, а некој се маскира за да привлече духови. Тоа видете си сами.
Некој се маскира заради потиснување на страстите или заради нивно задоволување, а некој се маскира заради исцеление на страстите.
Некој се маскира за да се заштити од секојдневните маски, а некој е зависник на своите маски.
А постои и маскирање како исмејување на Божјиот лик. Си немал ѓаволот работа…
Маскирање како поука, критика, слобода на изразување, забава, целно маскирање и што ти не… Дали е навистина можно? Маски, маски, маски… Повеќе заморно отколку интересно. Маски секако носиме.
Прашањето е: преку маска до личност или преку маска до безличност?
Не бидете сигурни дека правилно сте го сфатиле текстот, и тој е маска – не знам сѐ чија.