НЕ НИ МОЖЕВ ДА ПОМИСЛАМ НА НЕШТО ЗЕМНО…

„Во текот на целата ноќ”, раскажувал тој, „непрестајно размислував за тоа, како останатите отци ќе се причестат, додека jac, поради моите гревови сум недостоен за таквата благодат.

Седев така и ја одржував молитвата најдобро што можев. Во еден момент застанав и си ги средив своите мисли.

Во мене се појави истата мисла и длабока потреба за Лебот на Животот.

Започнав огнена молитва, која всушност беше самоосудување и која, според сожалувањето, ми личеше на јадосување.

Одненадеж, почувствував нечие присуство.

Ги отворив очите (секогаш се молев во темнина, но и покрај тоа, бев навикнат на молитва co затворени очи) и пред себе здогледав еден пресветол ангел – токму онаков, каков што го изобразуваме (во иконописот) во нашата Црква.

Се’ околу мене беше исполнето co светлина, но светлина од некој друг свет. Ангелот во своите раце држеше некаков прекрасен сјаен сад, кој беше co иста големина колку неговата дланка.

Го отвори тој сад, застана на потребното растојание и co голема стравопочит и внимание во устата ми положи честичка од Господовото Тело. Потоа, ме погледна и само благо се насмевна.

Го затвори садот и преку кровот се вознесе таму, од каде и дојде.
Bo текот на целиот тој ден, мојот ум беше обземен co ова созерцание.
He ни можев да помислам на нешто земно”.

Пренесено од книгата “Старец Јосиф Исихаст”

Претходна статијаДедо Наум – Различни блаженства (Свети Никола Чудотворец)
Следна статијаМАСКИРАЊЕ – Митрополит Наум