ПОДАЈ МИР МИРОТВОРКЕ…

Со благослов си нѐ облекла,

Благословена;

 

во девственост си нѐ измила,

Очистителке,

 

раната Евина си ни ја превила,

Исцелителке,

 

за Живот си нѐ родила,

Животодарителке,

 

Со Вистина си нѐ напоила,

Богородителке!

 

Подај мир, Миротворке – за Мирот да го сееме.

Подај вера, Веропазителке – Вера плодна да жнееме.

Даруј милост, Милосрдна – милосрдие да умножиме.

Даруј светост, Пресвета – во светиња да се облечеме.

Даруј благост, Блажена – со Рајот да се блажиме .

Даруј чистота, Пренепорочна – порочни срца да измиеме.

Подај правда, Праведна – за Правда да узнаеме.

Даруј добра, Добродетелке – во добродетели да се украсиме.

Подај храна, Богохранителке – во Христа да се наситиме.

Подај виделина, Светлино – очи да просветлиме.

Даруј покајание Пречиста – души да исчистиме.

Подај солзи, Премилостива – срца да преумиме.

Даруј Слово, Словородителке – во Христа да се прославиме!

Мина Даниловска

Претходна статијаКОГА ЉУБОВТА ЉУБИ ! Сведоштво на една душа на која Милоста и` се смилува!
Следна статијаСе тоа ќе се случи, но – кога?