ПЛОДОНОСНА ДЕВСТВЕНОСТ

ПОСЛЕДИЦИ ОД ЖИВОТОТ ТАМУ И НЕКОГАШ

Униние или напуштање на конкретниот подвиг

Директна последица од животот таму и некогаш е отстапување од континуираниот православен духовен живот и подвиг.

Фантазирањето и очекувањето на некакви подобри услови, за потоа некогаш сериозно нешто да се почне и да се направи, не одат заедно co конкретниот подвиг сега и овде.

Ваквото однесување, согласно светоотечката терминологија, се нарекува униние.

Да не навлегувам во детали, вообичаено унинието се пројавува како нередовност или напуштање на молитвеното правило (co стоење и метании). неисполнување на правилото за читање (Свето Писмои свети Отци), нарушување на правилото за пост (квантитативно и квалитативно),

отфрлање на духовно раководство (суштински и  формално), неисполнување на Христовите заповеди за милост и љубов кон ближниот – когошто Божјата промисла го носи во нашиот живот итн.

Bo отстапување од православниот духовен живот и подвиг (co знаење или од незнаење) би го сместил и невосогласувањето на начинот на нашиот живот со степенот на духовниот развој на кој се наоѓаме.

Затоа што, напразно е ние и да имаме каков таков подвиг (во смисла на потпостување, подмолување, потчитнување, пододување во црковниот храм, потпомагање на ближниот итн.) ако тоа истовремено не значи за нас и каков таков континуиран процес на исцеление и преобразување на страстите.

Отците тоа го споредуваат co собирање на вода во издупчен сад.

Башка што co текот на времето само суетата ни расте, заради пресметаните години божем поминати во Црква и стекнатите права од тоа. Ужас.

Неуспех

Директна последица на отстапувањето од православниот духовен живот и подвиг сега и овде, во најдобар спучај, е вечното падни –   стани на почетниот степен од духовниот развој.

Јалово битисување.

Отсуство на даровите од Светиот Дух Господ.

А годините си поминуваат ли, и си поминуваат. Првата благодат одамна не’ напуштила и само бледо се сеќаваме на тоа време.

Почетниот подвиг сега ни изгледа невозможен. Помиспата на него – застрашувачка.

A ce` повеќе и повеќе тонеме во конформизмот и компромисот co овој свет. Што би рекол свети Јован Лествичник:

телото тежнее кон тело, црвот кон црв, а калта кон кал.

Синовскиот однос co нашиот Небесен Отец, како давање без да бараме, не ни е познат затоа што тој треба co труд да се гради и во него да се порасне.

Наемничкиот замислен договор co Бог очигледно сме го напуштиле, затоа што невосогласениот подвиг co степенот на духовниот развој не ни носи резултати и корист.

И единствено што не држи во Црквата, колку толку живи, е робовскиот страв од Страшниот Судија, a полабава врска од тоа веќе нема.

Ако Црквата е квасецот co кој треба да се закваси тестото на целиот свет, тогаш како ние такви какви што сме ќе ja исполниме тaа нејзина мисија, односно како ќе Го сведочиме, во сила, Богочовечкиот Христос во овој свет?

Само синот може автентично да сведочи за својот Татко – заради суштината на својот однос, а не робот за Господарот.

Неблагодарност

Благодарноста подразбира себепринесување, сега и овде.

Таму каде што нема правилен подвиг, нема ни себепринесување.

Каде што, пак, нема себепринесување односно благодарење на дело, нема ни co зборови, ни co мисли, ни co чувства.

И да се спучи благодарење co збор, без дело позади себе, тоа е само формално.

Постојано нешто не ни оди како што треба и постојано сме нешто незадоволни. И постојано некој друг ни е виновен за тоа; а, за големо чудо, никогаш ние самите.

Мислите ли дека можеме на ваков начин да учествуваме во Светата Тајна на Благодарноста (Евхаристијата), односно во светата Литургија?

Ајде барем ние што се изјаснуваме како верни, малку да се смириме.

Ајде да почнеме да Mv благодариме на Бог барем за ситните нешта, за она што ни изгледа дека Тој е должен да ни го обезбеди.

На пример, да спомнам само дека повеќето од нас сме живи и здрави, барем толку што основните лични потреби можеме сами да си ги извршиме.

Не благодариме секојдневно за тоа оти мислиме дека тоа е ништо?

Сака ли да види некој од нас како би изгледало да го нема тоа?

Вистина ви велам, кога случајно би го изгубиле здравјето, до толку, не би не интересирала никаква слава ни власт, никакви пари и никакви телесни задоволства, односно од сето тоа би се откажале само здравјето да си го вратиме.

Затоа, ајде да благодариме за ‘ситните нешта’, па да почнат очите да ни се отвораат и за ‘покрупните нешта’.

Оти еден ден навистина ќе треба Крстот да си го нарамиме на плеќи и на Голгота да се искачиме и таму, напуштени од сите, да бидеме распнати.

Како тогаш ќе My благодариме на Отецот ако од сега не се научиме, од ‘ситните нешта’?

Како тогаш ќе влеземе во полнотата на себепринесувањето и на благодарењето, односно во полнотата на слободата и љубовта?

He верувам дека ова ве плаши, оти, го слушнавте денешното евангелие:

„Ке настапи и време кога секој што ќе ве убие ќе мисли дека на бог My принесува служба” (Јован 16,2).

Незадоволсгво – очај или депресија

Спомнав погоре дека постојано нешто не ни оди како што треба и постојано сме нешто незадоволни. За разлика од унинието, кое го опишав како бездејствие – сега и овде, очајот или депресијата се чувството кое го следи тоа бездејствие – сега и овде.

Психолозите го дефинираат како разлика помеѓу посакуваното и оствареното.

И нормално, никогаш нема да го достигнеме тоа ‘таму и некогаш’, без да вложиме труд сега и овде.

Нашето ‘таму и некогаш’ е во Богочовекот Христос, односно не можеме да имаме иднина надвор од Hero; и затоа иднината ни зависи од тоа, подвигот сега и овде да ни е во Hero.

Според најновите научни истражувања, голем процент од светското население се соочува co проблемот на депресијата. Многу мал процент (2-3%) од тоа расположение се должи на органско пореметување.

Очигледно се работи за духовен проблем колку повеќе апостасија (отстапување) од Бог, толку повеќе депресија; колку помалку благодат Божја во нашиот живот, толку повеќе депресија.

А овој проблем не се решава co апчиња, туку, пред се’, co покајна молитва; не се решава во аптека, туку co подвиг во Црквата.

А никако – co бегсгво од реалноста.

Незнаење

Незнаењето отците го оцениле како најголемо зло.

Се чудев некогаш, кога првпат се сретнав co ова тврдење, зошто е тоа така. Потоа сфатив дека знаењето во православниот духовен живот произлегува единствено од опит, а не од читање книги.

А најмногу се изненадив кога сфатив дека co губењето на духовниот опит се повлекува и духовното знаење.

Замислете, мислите дека имате опит од духовниот подвиг, мислите и дека имате знаење за тој конкретен подвиг и мислите дека тоа знаење е вечна придобивка но во периодот додека се напушта духовниот подвиг, не само што знаењето во голема мера ќе се изгуби туку и сеќавањето на сето тоа заедно.

И тогаш се сфаќа опитно дека Божјата благодат, односно личниот однос и личната заедница со Бог – Отецот и Синот и Светиот Дух, ни е се`.

Колку да се потсетиме, само ќе спомнам дека автентичното познание (знаење) на Бог произлегува од опитот на Бог во нашето срце.

И на крај, сите овие појави од духовниот живот се взаемно поврзани и се проникнуваат – односно во коja мера ќе се појави едната, во толкава мера веднаш се присутни и другите – и се различни имиња за еден ист начин на живот, a тоа е животот таму и некогаш без Бог.

Едноставно, затоа што тоа не е начин на живот сега и овде во Бог.

Тоа е и разликата помеѓу приватниот, индивидуалниот – од една страна, и од друга страна лично-соборниот светоотечки подвиг и опит во Црквата.

Па макар првиот да го живее маса народ – правејќи го co тоа навидум сигурниот широк пат дури претесен и нелагоден, а вториот да го живеат малкумина – кои дури тесниот евангелски пат го чувсгвуваат широк и лагоден;

зашто „јаремот Мо] е благ и бремето Мое е лесно” (Матеј 11,30).

2011 г.

Митрополит Струмички Наум (Пренесено од книгата „Плодоносна девственост“)

ПОСЛЕДИЦИ ОД ЖИВОТОТ ТАМУ И НЕКОГАШ

Претходна статија„Не знаете од каков Дух сте вие“.“ (Митрополит Наум)
Следна статијаСв. Димитрија, моли го Бог да ни се смилува (молитва)