Клитос Јоанидис: СВЕДОШТВА И ИСКУСТВА
Овде нема да зборуваме за онаа негова прва посета во Ханја, туку за Свакија, што старецот ја посети откако ја обезбеди „таинственоста” на оваа негова посета што траеше две недели. Така, од аеродромот во Ханја, старецот сам дојде до домот на брат му на отец Георгиј, во градот Ханја.
Оттаму, без знаење на другите, отидоа во Свакија, каде што остана два дена, во куќата на отец Георгиј, во селото Номикијана, и единаесет дена во соседната келија на напуштениот стар свет манастир. Таму се дружеше речиси исклучиво co свештениците од Свакија, кои доживеаја покрај него денови единствени, полни co откровенија.
Од оваа важна посета ќе го споменеме само она што накратко ни го раскажа отец Георгиј, кој оттогаш често го посетуваше старецот и се слушаше co него по телефон.
По патот од Ханја кон Свакија, во селото Имврос, од десната страна има црква на светите Константин и Елена. Но, старецот Порфириј некако одеднаш се сврте налево, како нешто да бара. Тогаш отец Георгиј, откако правилно сфати дека ја бара црквата, му вели:
„Старче, десно е црквата”.
A старецот: „Зошто јас ја барам одлево?”
Тогаш, отец Георгиј, сфаќајќи што бара старецот, му објасни:
„Навистина, старче, пред да ја изградиме оддесно, баравме место од левата страна, бидејќи лево, според месното предание, постоела некогаш црква посветена на овие светители”.
И старецот ја бараше црквата налево, зашто ja „гледаше”, co неговото мистично духовно гледање, иако времето ја имаше избришано физичката трага на нејзиното постоење.
Bo Свакија има еден прскрасен предел, што e попристапен од јужната страна на Крит, пределот Франкокастело. Овој предел oсобено му го привлече вниманието на старецот Порфириј, зашто, како што им откри, „местото беше свето, како место на подвиг на стари подвижници”.
За ова место не знаеја ниту свештениците од Свакија, а никој не му беше зборувал на старецот ниту за историјата на местото, што тој го виде „умствено”, преку Светиот Дух. Свештениците од Свакија, навистина, откако испитаа, дознаа дека таму постоеле келии на подвижници. Исто така, старецот Порфириј укажа на тоа дека оваа локација е погодна за изградба на Центарот за средба на младите, од светски ранг.
Bo истата онаа област, после Франкокастело, во селото Свети Нектариј, старецот Порфириј имаше и едно друго откровение, за едно село што се наоѓаше подалеку.
Всушност, беа застанале во куќата на еден роднина на отец Георгиј, и додека домаќинката го подготвуваше кафето, старецот Порфириј се сврте кон ѕидот и броејќи на прстите од десната рака, вели:
„Свети Јован, Свети Георгиј, Христос Седржителот, Свети Антониј, Пресветата, Свети Никола”.
Тогаш, отец Георгиј го праша: „Старче, што бараш на ѕидот?”
„Ги бројам, дете”, му одговори старецот, „црквите во другоно село”.
И навистина, на страната на ѕидот имаше едно село, што не се гледаше оттаму, на растојание од најмалку четириесетина километри, што ниту го имаа посетено, ниту пак отец Георгиј му имаше зборувано на старецот за селото и за црквите во тоа село.
А постоеја точно тие цркви што ги „виде” co умот и ги кажа no име. На патот кон парохијата на отец Георгиј, Агија Румели, старец Порфириј покажа на еден брег од морето што беше многу оддалечен, и рече:
„Таму тече река и има црква”, што и навистина има – и река и црква – но ниту се гледаа од патот, ниту пак некој му зборуваше за тоа на старецот.
Bo Aгија Румели, во црквата на Пресвета Троица, старецот Порфириј, откако забележа една икона на Пресвета Троица, му рече на отец Георгиј, некако заповедно:
„Да внимаваш на оваа икона, зашто ќе ти ја украдат. He постои друга таква. А знаеш по што е карактеристична?”
Отец Георгиј покажа незнаење. Тогаш старецот му рече:
„Гледаш? Отецот и Сннот се насликани како да се на иста возраст!”
По заминувањето на старецот, отец Георгиј го свика црковниот одбор и им препорача оваа икона да се чува на некое посигурно место. Ho претседателот на општината го спречи, велејќи:
„Ако ја земеш иконава од нејзиното место, ќе треба да си заминеш и ти!” Така, иконата си остана на нејзиното место, но no една година ja украдоа и до денес не е најдена.
Пак во Агија Румели, во еден од оние разговори старецот го замоли отец Георгиј да се оддалечи и да го остави да се помоли. Отец Георгиј се повлече, па задрема и заспа, набрзо будејќи се од една голема група европски туристи што поминуваа покрај него.
Штом се разбуди, го виде старецот покрај брегот, исправен, како ги благословува младите што му приоѓаа. Кога си заминаа, се сврте кон отец Георгиј и му рече:
„Гледаш колку добри деца се овие, отец Георгиј? Но како овци се што немаат пастир”.
Конечно, старец Порфириј „ја посети и ја истражуваше” Агија Румели уште еднаш, и тоа од Атина, каде што се врати, во разговор co својот посетител отец Георгиј, во една куќарка во Нова Јонија, каде што се сретнаа.
Бидејќи во пределот Франкокастело постоеја пречки за изградбата на Центарот за млади, отец Георгиј предлагаше да се побара сличен простор во областа Агија Румели.
„Каде мислиш, отец Георгиј, источно или западно?”
Отец Георгиј одговори: „Источно, старче”.
„А, чекај малку,” продолжи старецот, „го гледам тоа место, има многу вода и две цркви, има и гробишта и една црква на врвот”.
А овие работи ги гледаше наоѓајќи се во Атина, без да ги има посетено и да ги видел co отец Георгиј во текот на неговата посета на Свакија. И се’ беше како што „гледаше” и како што опиша, исповеда отец Георгиј.
Едно попладне старецот Порфириј, додека разговараше co свештениците од Свакија, им рече:
„Застанете за кратко, зашто сакам да се помолам co другите браќа подвижници од Балканот”.
А во друга ситуација, повторно во текот на разговорот, извика:
„О, заборавивме вечерва на заедничката молитва!”, подразбирајќи ја неговата заедничка молитва co другите подвижници од Балканот.
Од сличните изјави на духовни чеда на старецот дознаваме дека мислеше на светогорските старци, на блажениот отец Jycтин Поповиќ, на старецот Софрониј од светиот манастир на Чесниот Предвесник во Есекс, Англија, но и на синајските свештеномонаси и подвижници, старците Адријан и Павле.
Bo селото Лутро во Свакија, додека се шетаа во дворот на црквата на Пресветата co старецот Порфириј, отец Георгиј се восхитуваше во себе како старецот во исто време и размислува и се моли. Тогаш старецот Порфириј наеднаш се сврте накај него, велејки:
„Мистичната молитва не се учи”. My ги „прочита” мислите.
Сведоштвото на Т. А., богослов
1982 г. Т. А. одведе кај старецот Порфириј еден негов познаник на возраст од четириесет години, бидејќи беше „збркан”, според вообичаениот израз на старецот, од хиндуизмот (од разни гуруи) и имаше отидено и во Индија.
Откако Т. А. му го претстави на старецот Порфириј како негов пријател, без да му го спомене името или нешто друго освен дека е „збркан” од хиндуизмот и дека сака старецот да му помогне – старецот Порфириј го повика по име и го праша како се жена му и децата.
Токму ова откривање од страна на старецот Порфириј го потресе и тој искрено се исповеда и и се врати на православната вера.
Кога заминаа откај старецот, му рече на Т. А.:
„Навистина сум женет, co две деца, но ништо од тоа не сум ти кажал. Ги напуштив жена ми и децата и старецот го знаеше тоа”.
И други, најголемиот број млади, „збркани” од источните религии и од разни ереси, бараа прибежиште и помош кај старецот Порфириј. Како што самите тие признаваа, преку советите на старецот и неговиот благослов (ги прекрстуваше), се лечеа дури и од нивните телесни болести, не само од духовните.
Многумина пред тоа беа прибегнале и кон психијатри, но без да видат некаква полза и исцелување, нешто што го најдоа кај старецот Порфириј.
Bo 1989/90., T. А. ги посети државите Вирџинија и Северна Каролина, во Америка, каде што одржа и неколку верски проповеди. Меѓу слушателите беше и една Гркинка, којашто требаше тогаш да ја посети Грција, па го замоли да и’ препорача некој духовен човек. Т. А. и’ го препорача старецот Порфириј, когошто таа и го запозна и имаше голема полза од него.
Кога госпоѓата се врати во Америка и се сретна co Т. А., нормално, му спомена дека го запознала старецот Порфириј и му заблагодари што и’ го препорачал.
Меѓу другото, рече дека и’ оставило голем впечаток тоа што до најситно и’ ги опишал нејзината куќа во Америка, дуќанот што го имаат и нејзините деца, а за едното детенце и’ го кажал и тоа дека има еден карактеристичен белег на телото.
Но таа во тој момент не му придала никакво значење на тоа и не му одговорила ништо на старецот. Раскажувајќи за старецот co почит и co восхит за она што и’ го кажал и го открил, споменала пред детето дека старецот „згрешил” само на едно место, во тоа што и’ рекол дека тоа има на телото еден младеж.
Тогаш детето, трогнато, признало дека навистина го има тој белег, но дека ништо не и’ кажало на мајка му, која заради возраста негова не го имала видено голо уште од детството, а во меѓувреме оној белег се појавил.
Иако дотогаш детево беше незаинтересирано за верата, овој настан беше причина да се загрее за верата и потоа цврсто да се приврзе за Црквата.
Cведоштвото на И. Д., пензиониран полицаец
Летото 1989 г. И. Д. го посети старецот Порфириј и го замоли особено да се помоли за еден негов роднина, кој беше болен.
Но старецот му рече:
„Нема да биде подобро”; како што навистина и не беше.
Тогаш И. Д. го замоли старецот: „Свет старецу, кажете едно Господи помилуј и Бог е голем”.
Тогаш старецот го благослови co својата десна рака и рече:
„Да дете, Бог е голем!”
По една година И. Д. повторно го посети старецот Порфириј, мислејќи да го замоли co една потопла вера и смирение, клекнат на коленици. Така, кога му дојде нему редот, му пријде co овие мисли на старецот, без да му каже нешто и без да успее да клекне.
Тогаш старец Порфириј му рече: „Клекнете, клекнете.
Како е Вашиот роднина тој и тој?”
„Свет старецу, затоа дојдов”, а старецот:
„Добро. Така и така е” и точно му ја опиша состојбата.
И тогаш И. Д. го праша: „И сега, што да правиме?”, а старецот:
„Молитва, молитва”.
Cведоштвото на А. Т., лекар патолог, Ксанти
A. T. своето сведоштво го приложува во форма на писмо, co датум од 28.7. 1992., co следнава содржина:
(…) „За отец Порфириј слушнавме од тогашниот мирјанин и асистент на Универзитетот во Тракија, a cera свештеник и професор по физика на истиот Универзитет, отец Георгиј Анагностопулос. Тоа се случи 1980 г. и на 4. 10.1980 го посетивме Светиот отец во неговата скромна келија од керпич, на Оропо.
Останавме покрај него, јас и жена ми, четириесет и пет минути. Ни остави впечаток тоа што пред воопшто да му споменеме за некој наш личен проблем ни зборуваше за случки што им се случиле на разни (анонимни) христијани, додека истите тие случки беа и наши лични проблеми, и ги слушавме одговорите и решенијата што ги баравме.”
„Кога станавме да си одиме, светиот старец, co една света, радосна, нежна, татковска насмевка, ја фати жена ми за раката, точно на местото каде што ја болеше, за што ништо не му споменавме, co оглед на тоа што веќе беше третирана медицински и co лекови.
Оваа болест се викаше тендосиновитис и таа примаше кортизонски инјекции и силни лекови против воспаление. Штом ја фати старецот за раката, почувствува како и поминува една топлина по целото тело и нешто како гадење, додека веднаш потоа и’ олесна и наеднаш болката и’ помина.
Тогаш мојата сопруга, возбудена и co солзи во очите, му рече:
‘Отец, и за ова знаеше?’
Нормално, оттгогаш ги остави лековите и не отиде повторно на ортопед.”
„My благодариме на светиот Бог што ни подари и во овие наши дни богоносни Отци.
My благодариме на отец Георгиј што не’ запозна co старецот Порфириј. My благодариме на нежниот старец Порфириј, кој заминувајќи си од овој свет ни вети:
‘Ќе се молам за вac u за вашите деца’.”
Неговиот благослов нека биде со нас.
од грчки: презвитера Марија Калпаковска
Пренесено од списанието ПРЕМИН, Двоброј 27-28