На тесниот пат (извадок од Школа за исихизам)
Тесниот пат не го сочинуваат толку волните подвижнички страдања што сами си ги наметнуваме колку што го сочинува трпението со благодарност за неволните страдања што Бог ги допушта за наше доочистување и восовршување, а кои ни ги предизвикуваат и нанесуваат паднатите ангели и луѓето што се наоѓаат под нивно влијание или контрола.
Бидејќи, штом ние доволно ќе го очистиме срцето од страстите и штом заради тоа паднатите ангели ќе ја изгубат можноста, поврзувајќи се со страстите, да нe нападнат директно однатре, тие веднаш ќе ги искористат како инструмент за напад најчесто оние луѓе кои мислејќи дека живеат во покајание (преумување) всушност живеат во прелест на мнение или пак, поретко, оние кои воопшто немаат ни поим дека постои духовен живот – сакајќи да овозможат наш пад преку враќање со зло на зло со силниот предизвик на недопреобразениот дел од нашите страсти.
Паднатите ангели со особен бес ги напаѓаат подвижниците на умносрдечната молитва и преку подвластените ним слуги говорат против нив секакви лоши зборови лажно, дека се во прелест.
Како што вели старец Јосиф, денес пак, ретко ќе чуете слово за умносрдечната молитва.
Луѓето се заробени од толку многу грижи и материјално размислување имајќи совршен кон трезвеноста, што многумина не само што не сакаат да дознаат, да научат или да истражат туку и да чујат дека некој кажува за сторените подвизи, веднаш го навредуваат и го отфрлаат, сметајќи го за чудак и налудничав, бидејќи неговиот живот не е сличен со нивниот, така што им служи за потсмев.
Но како треба да постапуваме во овој случај, не поучува истиот старец:
И не престанувам дење ноќе да се молам за отците и да нагласувам дека тие имаат право. Јас сум виновен само ако се соблазнам од нив. Бидејќи тие гледаат со очите што им ги даде Бог.
Неправеден и за осуда сум кога ќе речам – зошто не размислуваат како што мислам јас?!
Но високиот критериум е зададен и е вложен во нас со самото Крштевање: или го имаме дарот на умносрдечна молитва или сме дел од светот. Друг пат нема.
Не сме дел од светот кога следејќи го повикот свесно и забележливо го врвиме патот на очистување под будното око на духовниот отец, во вистинско послушание.
Долгот останува долг, и обврската обврска, макар се зголемил бројот на оние што не се подвизуваат во Исусовата молитва. Заветот сите го даваат.
Но ни многубројноста на нарушителите на заветот ни обичајот да се нарушува не го озаконуваат нарушувањето. Мало е стадото на коешто Отецот Небесен благоволил да му го дарува Царството.
Тесниотпат секогаш има малку патници, а широкиот многу. Во последните времиња тесниот пат ќего остават речеси сите, речеси сите ќе тргнат по широкиот. Од тоа не следи заклучокот дека широкиот ќе го загуби својството на пат што води во погибел и дека тесниот ќе стане излишен, непотребен за спасение.
Оној кој што сака да се спаси неизоставно мора да се држи за тесниот пат, што ни е јасно предадено во заветот на Спасителот. Тесен пат во вистинска смислана зборот!
Оној којшто сака успешно да се подвизуваво Исусовата молитва, мора да се огради себеси и однадвор и однатре со најблагоразумно и највнимателно поведение: нашата падната природа е подготвена секој час да не изневери и предаде.
Паднатите духови со особен бес и подмолност напаѓаат при Исусовата молитва. Неретко, од веројатно ништожна невнимателност, од неосетна небрежност и самодоверба, возникнува важна последица што има влијание врз целиот живот, врз вечниот удел на подвижникот.
Да не ми беше помогнал Господ, душата моја брзо ќе се преселеше во адот. Кога ќе речев ‘ногата ми се поколеба’, Твојата милост, Господи, ми помагаше.
„(Пс. 93, 17 – 18).27)______27) Свети Игнатиј Брјанчанинов, Темели надуховниот живот, стр. 30 – 3177
Школа за исихазам (извадок)
Подготвил: М. Даниловска