Заради тоа, браќа и сестри, Преп. Јован Лествичник ни дал завет да бдееме над своето срце, нашиот ум да го чува срцето со Исусовата молитва.

Ви реков дека Преп. Јован Лествичник ги опишал осумте главни страсти, осумте смртни гревови, осумте отровни извори од кои проистекува сето духовно зло и погибел.

Тоа е како осум ѕидови кои стојат меѓу човечката душа и Бога, еден над друг, а последниот, гордоста, речиси достигнува до небото.

2.  БЛУД
Вториот чир, вториот грев е блудот. Преп. Јован Лествичник говорел:
„Кој сака да го изгаси блудот не победувајќи го чревоугодието личи на човек кој сака да изгаси оган фрлајќи оган во него.“
Како човек да ја победи оваа страст?
Преподобниот авва Јован пишува:
„Треба да се засака понижувањето, да се пие потсмевот и клеветата како исцелувачки, очистувачки напиток; треба во сè да се има смирение – и внатрешно, во срцето, и надворешно, во облеката своја и однесувањето кон луѓето.“

Потоа, тој советува, човек да се оддалечува од сите поводи и причини на соблазна.

Tој вели: „Победата над оваа страст е бегство. Како што човек кој стои покрај бездна може да падне од првиот удар, така може да падне во овој гнасен грев човек кој пројавува неопрезност.“

Потоа Светиот продолжува:

„А ако човек стои далеку од бездната, дури и ако го влечат до неа, тој уште може да вика на помош, може да се фати за грмушките и дрвјата и да се задржи.“

Извадок од

АРХИМАНДРИТ РАФАИЛ КАРЕЛИН

СО ХРИСТОС КОН ВИСОЧИНИТЕ НА ОБОЖЕНИЕТО

Преведе: М. Даниловска

Претходна статија„Господи Исусе Христе, какви ужаси поднесуваш поради нас! (молитва)
Следна статијаДушата гледајќи Те, го заборава целиот свет…Старец Силуан Атонски