Песна 3-та

ирмос:

Нема свет како што си Ти, Господи, Боже мој, Кој им даваш победи на тво ите верни раби, Благи, и ги утврдуваш врз каменот на Твојата слава.

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Го гледам морето на животот разбранувано од бурите на искушенијата; доаѓам во Твоето тивко пристаниште и извикувам: Многумилостив Боже, избави ја од пропаст душата моја!

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Кај Тебе доаѓам, Исусе, Ти згрешив, очисти ме.

Симни го од мене тешкиот товар на гревот и, како Добросрдечен, дај ми солзи на умиление.

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Погледни ме со милостив поглед, Боже, Спасителу мој и прими ја мојата топла исповед!

припев: Помилуј ме, Боже, помилуј ме!

Немам солзи, ни покајание, ниту умиление. Спасителу, како Бог, Ти дарувај ми ги!

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух, и сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Ете, Богородице, Твојот Син вика и не’ поучува на добро, a jac грешниот секогаш бегам од доброто, но Ти, Милостива, помилуј ме, за да се покајам за моите лоши дела…

Претходна статијаМЕТАНИИ! КОГА НЕ СЕ ПРАВАТ ВО ТЕКОТ НА ГОДИНАТА? (Одговор од свештеникот)
Следна статијаДенес е Црковната година! (Тешко и горко на мене грешниот! )