Дома Молитви ПСАЛТИР – како треба посебно да се пеат дванаесетте псалми

ПСАЛТИР – како треба посебно да се пеат дванаесетте псалми

0
320

РЕДОСЛЕД, како треба посебно да се пеат дванаесетте псалми, коишто ги пееја преподобните отци на пустината, дење и ноќе, за коишто се спомнува во отечките книги и во многу житија и мачеништва на светиите.

Овој чин го пренесе од Света Гора преподобниот Доситеј архимандритот печерски.

Почнува вака: Ако има свештеник, вели: Благословен е нашиот Бог, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Ако нема свештеник, тогаш вака: По молитвите на светите отци наши, Господи Исусе Христе, Боже наш, помилуј нѐ. Амин. Цару Небесен. Трисвето. Отче наш. Господи помилуј. 12 пати. Слава, и сега: Дојдете да се поклониме: три пати.

Исто така, псалм 26.

ГОСПОД е моја светлина и мое спасение: од кого да се плашам? Господ е крепост на мојот живот, од кого ќе стравувам?

Кога се приближија до мене злобни противници и непријатели за да го изедат телото мое, се сопнаа и паднаа.

И полк да се крене против мене, нема да се исплаши срцето мое; дури и цела војска да се дигне против мене, и тогаш ќе бидам полн co доверба.

Само за едно Го молам Господа, само тоа го сакам:

да останам во домот Господов преку сите денови на животот мој, да ja гледам Господовата убавина и да се поучувам во Неговиот свет храм, зашто во злочест ден Тој би ме сокрил во Својата скинија, би ме сокрил под покривот на Своето живеалиште; би ме искачил на карпа.

Тогаш главата моја ќе се издигне над непријателите што ме опкружуваат; и jac ќе принесам во скинијата Негова жртва поради радоста, па ќе пеам и ќе го фалам Господа.

Чуј го, Господи, гласот мој, бидејќи кон Тебе викам смилувај ми се и услиши ме.

Срцето мое ми вели:

„Барај го лицето Негово!”; и јас го барам лицето Твое, Господи. He сокривај го од мене лицето Свое; не одбивај го во гневот слугата Твој.

Биди мој помошник; не отфрлувај ме и не оставај ме, Боже, Спасителу мој!

Ако татко ми и мајка ми ме остават, Господ ќе ме прибере. Научи ме, Господи, на Твојот пат и води ме по рамна патека, поради непријателите мои; не предавај ме на своеволноста на непријателите, зашто востанаа против мене лажни сведоци co насилство во нивните носници.

Ho jac верувам дека ќе ја видам Господовата добрина во земјата на живите. Надевај се во Господ, биди бодар; нека е цврсто срцето твое; надевај се во Господ!

Псалм 31

БЛАЖЕНИ се оние, чии престапи им се простени, и чии гревови се покриени! Блажен е оној човек, кого Господ не го смета за виновен, и во чиј дух нема измама!

Додека молчев, се сушеа коските мои од секојдневното мое воздишување, бидејќи и дење и ноќе тежеше над мене раката Твоја, се сушев како на летен припек.

Тогаш го признав гревот мој и не го сокрив беззаконието свое, па реков: „Ќе My ги исповедам на Господ моите престапи,” и Ти ми ја прости вината на гревот мој.

Затоа секој побожен човек нека Ти се моли навреме, и тогаш притисокот од многуте води нема да го достигне.

Ти си мое прибежиште, од маката co која сум опкружен Ти ќе ме избавиш;

ќе ме опкружиш co спасоносни звуци.

„Ќе те вразумам,” – вели Бог – „Ќе ти го покажам патот, по кој да одиш; ќе бдеат очите Мои над тебе.” „He бидете како коњ или како маска, кои немаат разум, чија дивина co узда и оглавник се скротува за да ти се покоруваат.”

Многу маки ќе го снајдат грешникот; но оној кој има верба во Господ, него милост ќе го опкружува. Веселете се во Господ и радувајте се, праведници: радувајте се сите кои сте co чисти срца.

Псалм 56

СМИЛУВАЈ се, Боже, на мене. Смилувај се, зашто во Тебе се надева душата моја, и во сенката на крилјата Твои ќе се засалнам додека не минат опасностите.

Викам кон Бога Севишниот, кон Бога, Кој ми прави добро. Тој ќе прати од небото и ќе ме спаси; ќе ги посрами оние, кои ме газат. Ќе ја испрати Бог Својата милост и Својата верност.

Лежам среде лавови кои растргаат синови човечки: та нивните заби се копја и стрели, а јазикот им е остар меч.

Возвиси се на небесата, Боже, и по целата земја нека биде Твојата слава!

Тие подготвија стапица за нозете мои; и ја приклештија душата моја: ископаа пред мене јама, но сами паднаа во неа. Подготвено е срцето мое,

Боже, спремно е срцето мое, ќе пеам и ќе свирам. Разбуди се, душо моја, разбудете се харфо и лиро! Јас ќе ја разбудам и зората.

Ќе Те славам, Господи, меѓу народите, ќе Те воспеам меѓу племињата, зашто Твојата милост се возвеличи до небесата, и Твојата верност се протега сѐ до облаците.

Возвиши се, Боже, над небесата и пo целата земја нека биде Твојата слава!

Исто така, Трисвето, и по Отче наш:

 

Тропари, глас први:

Спасителу, побрзај да ми ги рашириш прегратките на Отецот, бидејќи мојот живот блудно го потрошив; но гледајќи на богатството од Твоите добрини, кое не може да се потроши, и сега не презирај го моето осиромашено срце, зашто кон Тебе Господи, умилно повикувам:

Згрешив пред небото и пред Тебе.

Слава: Кога ќе дојдеш на земјава, Боже, co слава, и сѐ ќе затрепери. Огнената река ќе води кон судницата, книгите ќе се отворат, и тајните ќе се откријат: тогаш избави ме од незгасливиот оган, и удостој ме да застанам од Твојата десна страна, Судијо најправеден.

И сега: Тебе Мајката Божја сите те познавме како Девојка и пo раѓањето, и co љубов прибегнуваме кон твојата добрина: зашто ние грешните тебе те имаме како застапничка, те имаме како спасение во искушенијата, единствена пренепорочна.

Потоа: Господи помилуј, 30 пати. Исто така, Дојдете да се поклониме. Три пати.

ЌЕ го благословувам Господа во секое време; похвала за Heго секогаш ќе има во мојата уста.

Co Господ ќе се фали душата моја!

Нека го чујат тоа понизните и нека се зарадуваат. Величајте Го Господа co мене, и заедно да го возвишуваме името Негово.

Го побарав Господа, и Тој ме чу и од сите стравови мои ме избави. Кон Heгo погледнете и разведрете се, и лицата ваши нема да се посрамат.

Несреќниот вика и Господ го слуша и го спасува од сите негови неволји.

Ангел Господов се улогорува околу оние, кои се бојат од Hero, и ги спасува.

Вкусете и ќе видите, колку е добар Господ!

Блажен е оној човек, кој кај Heгo прибегнува!

Имајте страхопочит кон Господ, сите праведници Негови, зашто ништо нема да им недостига на оние кои имаат страхопочит кон Hero.

Осиромашија и огладнеа богатите, а оние што Го побараа Господа, не ќе бидат лишени од секакви добра.

Дојдете, чеда, послушајте ме: јас ќе ве научам да имате страхопочит кон Господ.

Сака ли човек да живее и да види добри денови, нека си го воздржува јазикот од зло и устата своја од лаги, нека се клони од зло и нека прави добро; да бара мир и да врви по него.

Очите на Господ се насочени кон праведните, и ушите Негови – кон молитвите нивни.

Но лицето на Господ е против оние што вршат зло; ќе го истреби од Земјата споменот за нив.

Кога викаат праведните, Господ ги cлушa и ги спасува од сите маки нивни. Блиску е Господ до оние co скршено срце, и смирените по дух ќе ги спаси.

Бројни се маките на праведните, но од сите нив Господ ќе ги избави. Господ ги чува сите коски нивни; ниедна од нив нема да се скрши.

Злото му носи смрт на грешникот; оние, што го мразат праведниот, ќе платат. Господ ќе ги спаси душите на слугите Свои, и никој од оние, кои прибегнуваат кон Hero, нема да биде осуден.

Псалм 38.

СИ РЕКОВ: ќе пазам на патиштата мои, за да не згрешам со јазикот свој; Ќe јa зауздам устата моја додека е грешникот пред мене.

Онемев и се смирив, и замолкнав, но јадот мој се зголеми.

Пламна срцето мое во мене и додека размислувам, оган се разгорува во мислите мои.

Проговорив со јазикот свој: кажи ми го, Господи, мојот крај, и колкав е бројот на моите дни, за да знам колку е краткотраен животот мој.

Ете, Ти си ми дал дни колку една педа, и векот мој е како ништо пред Тебе.

И навистина, сѐ е суета, секој човек што живее.

Навистина, човек оди како сенка и залудно се измачува; собира богатство, а не знае кому ќе му го остави.

И сега што да очекувам Господи?

Надежта моја е во Тебе. Спаси ме од сите беззаконија; не допуштај да бидам поруга на безумниот.

Занемев и не ја отворам устата, зашто, Ти така направи.

Отстрани ги од мене ударите Твои, изнемоштувам од Твојата силна рака. Го казнуваш човекот за гревот, сѐ што му е најмило му го уништуваш како молец; навистина, човекот е само здив.

Услиши ја, Господи, молитвата моја и почуј ја молбата моја; не биди безгласен кон моите солзи, зашто сум привремен гостин кај Тебе и придојден, како сите мои предци.

Допушти ми да здивнам, пред да заминам и да ме нема веќе.

Псалм 40.

БЛАЖЕН е оној, што се грижи за бедните!

Во злочест ден Господ ќе го избави. Господ ќе го пази и ќе го одржи во живот и ќе му даде среќа на земјата; и нема да го предаде во рацете на непријателот негов.

Господ ќе му помогне кога лежи болен в постела. Ти ја исцелуваш секоја болка при болеста негова.

А за себе, јас повикав:

„Господи, смилувај се на мене, излекувај ja душата моја, зашто згрешив пред Тебе!”

Непријателите мои во злоба се распрашуваат за мене:

„Кога ќе умре, и кога ќе загине името негово!?”

И ако некој дојде да ме види, говори лага; неговото срце собира неправда во себе, и тој, штом ќе излезе надвор, расправа.

Сите мои непријатели шепотат меѓу себе против мене, помислувајќи ми зло:

„Смртна болест го фатила; кој еднаш легне, веќе нема да стане!”

Дури и пријателот мој, во кого имав доверба, кој јадеше мој леб, ја крена ногата против мене.

А Ти, Господи, смилувај ми се, исправи ме, та да им возвратам.

По тоа ќе дознаам дека сум ти мил, кога непријателот мој нема да се погордее над мене; мене, пак, ме прифати поради мојата незлобивост и зацврсти ме пред Себе вечно.

Нека е благословен Господ, Бог Израилев, од века до век! Амин, амин!

Исто така, Трисвето, и по Отче наш:

 

Тропари, глас четврти:

Господи, посети ја мојата смирена душа, којa го помина целиот живот во гревови. По примерот на блудницата, прими ме и мене и спаси ме.

Слава: Сиот мој живот срамно го потрошив, Господи, co блудниците јас бедниот, и како блудниот co умиление Ти повикувам: Отче небесен, згрешив, очисти ме и спаси ме, и не отфрлај ме мене, кој самиот од Тебе се оддалечив, и заради бесплодните дела сега осиромашив.

И сега: Кон Богородица сега усрдно да поитаме, ние грешните и смирени, и да паднеме пред неа во покајание повикувајќи од длабочината на душата:

Владичице, помогни ни, смилувај се на нас, побрзај, зашто загинуваме од мноштвото гревови. He ги одвраќај твоите слуги празни, зашто тебе те имаме за единствена надеж.

Потоа, Господи помилуј, 30. Исто така: Дојдете да се поклониме. Три пати.

 

Псалм 69.

БОЖЕ, дојди ми на помош; побрзај, Господи, да ми помогнеш.

Нека поцрвенеат и нека се засрамат оние, што ја бараат душата моја!

Нека се уплашат, нека се уплашат и засрамат оние, кои ми пожелуваат зло.

Нека отстапат и нека се посрамат оние што ми викаат:

,,Аха! Аха!”

Нека се зарадуваат и развеселат во Тебе сите, кои Те бараат, и кои Те сакаат Тебе, Боже, и кои сакаат спасение од Тебе, и нека велат:

„Велик е Господ!” Јас, пак, сум беден и сиромав; помогни ми Боже, Ти си, Господи, помошник мој и избавител мој, не доцни!

Псалм 70.

КАЈ ТЕБЕ, Господи, се засолнувам, не допуштај да бидам посрамен никогаш!

Избави ме поради праведноста Своја и спаси ме; приклони го увото Свое кон мене и спаси ме.

Биди ми Карпа за мое прибежиште, изведи ме на место сигурно – зашто Ти си моја крепост и мое прибежиште.

Боже мој, избави ме од рацете на грешникот, од рацете на престапникот и насилникот, зашто Ти си моја надеж, Господи, моја верба од младоста моја.

За Тебе цврсто се држам од раѓањето мое; Ти си мој покровител од мајчината ми утроба; за Тебе вечно ќе пеам.

За многумина бев како некое чудо, но Ти си мојот силен помошник. Полна ми е устата co похвала, и co песна ја величам славата Твоја; и цел ден пеам за Твоето велелепие.

He отфрлај ме на старост, кога ќе почне силата моја да исчезнува, не напуштај ме, зашто непријателите мои зборуваат против мене; и оние, кои ja демнат душата мојa, ce договараат меѓу себе, велејќи:

„Го остави Бог; гонете го и фатете го, зашто нема кој да го избави”.

Боже мој, не оддалечувај се од мене; Боже мој, побрзај ми на помош!

Да се посрамат и да исчезнат оние што ја клеветат душата мoja; да поцрвенат и се засрамат оние, што ми сакаат зло.

Јас, пак, секогаш ќе се надевам во Тебе и ќе Те славам сѐ повеќе. Устата моја ќе разгласува за Твоите праведни дела, и секој ден за делата на спасението од Тебе, зашто не им го знам бројот.

Ќе влезам славејќи ги моќните дела на Господ Бог; ќе ја величам Твојата праведност само Твојата. Боже, Ти ме поучуваше од младоста моја, и јас сѐ досега ги објавувам чудесата Твои.

И во староста, кога ќе обелам, Боже, не напуштај ме, за да ја објавувам мишката Твоја, силата Твоја и правдата Твоја на сегашниот род и на идниот, силата Твоја и правдата Твоја, Боже,

досега дури до вишното небо, преку која изврши големи дела, Боже. Kоj e сличен на Тебе?

Колку големи и тешки маки ми прати, но Ти пак ќе ме оживееш, и пак ќе ме изведеш од земните длабочини.

Ќе ми го зголемиш достоинството и пак ќе ме утешиш. И јас ќе ja славам на харфа Твојата верност, Боже мој; ќе Те воспевам на лира, Светецу Израилев!

Ќе се радува устата моја, кога ќе Ти пеам, и душата моја, која си ја избавил. И јазикот мој секогаш ќе зборува за Твојата правда, кога ќе поцрвенеат и ќе се засрамат оние, кои ми пожелуваа зло.

Псалм 76.

CO ГЛАСОТ свој викам кон Бога, co гласот свој кон Бога, за да ме чуе. Во денот на тагата моја Го барам Бога ноќе, co издигнати раце кон Hero неуморно; но душата мојa не може да се утеши. Го спомнувам Бога и воздивнувам, размислувам и духот мој малаксува.

Будни се очите мои, се вознемирив и не можам да говорам. Очите ми ги држиш отворени,

Размислував за дамнешните дни, и се сетив за старите години;

Размислував ноќе co срцето свое, а духот мој ме испитуваше; зар Господ засекогаш отфрла и не сака ли повеќе да биде благонаклонет, или засекогаш престанала Неговата милост, и Неговите ветувања се пресекле за сите родови?

Зар Господ заборавил на штедроста Своја?

Зар во гневот Свој ќе го затвори Своето милосрдие?

Па си реков:

„Ова е мојата болка: десницата на Севишниот се изменила.“ Ќе си спомнам за делата на Господ; ќе се потсетам на дамнешните чудесни дела; ќе ги разгледувам сите Твои дела и ќе мислам на Твоите моќни дела.

Боже, Твојот пат е свет. Кој бог е толку голем, како нашиот Бог!?

Ти си Бог, кој прави чудеса; Ти ја покажа силата Своја меѓу народите; Ти co мишката Своја го избави Твојот народ, синовите на Јаков и на Јосиф.

Те видоа, Боже, водите, Те видоа водите и се разбрануваа, и бездните затрепереа.

Од облаците се излеа вода, загрмеа небесата, зашто стрелите Твои пролетуваа.

Татнежот на Твојот гром се разнесуваше низ виорот; светкавици ја осветлуваа вселената;

Земјата трепереше и се тресеше. Твојот пат водеше низ морето, Твоите патеки преку моќните води, но Твоите траги не се познаваа. Ти ги водеше како стадо луѓето Твои преку раката на Мојсеј и Арон.

Исто така, Трисвето, и по Отче наш:

 

Тропари, глас шести:

Помислувам на страшниот ден и плачам за моите лукави дела; како ќе My одговорам на Бесмртниот Цар? Или co која смелост ќе погледнам кон судијата, јас блудниот? Благоутробен Отче, Сине Единороден, Духу Свет, помилуј ме.

Слава: Во долината на плачот, на местото каде што си ветил дека ќе седнеш да судиш, тогаш, Милостиви, не ги изобличувај моите тајни дела, и не посрамувај ме пред ангелите, туку поштеди ме, Боже, и помилуј ме.

И сега: Благословена Богородице, отвори ни ги вратите на милосрдието, да не загинеме ние, што се надеваме на тебе, туку да се избавиме преку тебе од несреќи, зашто ти си спасение на родот христијански.

Господи помилуј, 30 пати. Исто така, Дојдете да се поклониме. Три пати.

 

Потоа: Молитва на страдалник, кога плаче и пред Господа ја кажува својата молитва.

 

Псалм 101.

ГОСПОДИ, услиши ја молитвата моја и повикот мој нека дојде до Тебе!

He одвраќај го лицето Свое од мене, во денот на мојата жалост приклони го увото Твое кон мене; во денот, кога Те повикувам, услиши ме бргу, зашто дните ми исчезнуваат како дим, а коските мои горат како оган; попарен сум како трева, срцето ми е исушено, така што заборавам и лебот свој да го јадам; од гласот на моите воздишки коските ми се залепија за телото мое.

Заприлегав на пеликан во пустина; станав како був во урнатини; не спијам, седам како самотна птица на покрив.

Секој ден ме навредуваат непријателите мои, и фалејќи се, ме проколнуваат.

Јадам пепел како леб и пијалакот свој co солзи го мешам. Поради гневот и јароста од лицето Твое бев подигнат, а потоа соборен.

Дните мои исчезнуваа како вечерна сенка и јас се сушам како сено.

А Ти, Господи, вечно пребиваш; и името Твое е од род во род. Стани, смилувај му се на Сион, зашто време е да се смилуваш на него – зашто дојде времето: бидејќи на Твоите слуги им омилеа и камењата негови и за правот негов жалат.

Незнабошците ќе се заплашат од името на Господ, a сите земни цареви – од Твојата сдава. Зашто Господ ќе го изгради Сион и ќе се појави во славата Своја; ќе погледне милостиво на молитвите од беспомошните и нема да ги презре молбите нивни.

Нека се запише ова за следниот род, та идното поколение да Го слави Господа, зашто се јави од светата Своја височина, Господ од небесата погледна на Земјата, за да ги чуе офкањата на окованитe, да ги ослободи осудените на смрт, за да го разгласат името Господово на Сион и похвалата Негова во Epycaлим, кога ќе се соберат народите и царствата заедно да мy служат на Господ.

Тој ми ја откажа заштитата Cвоja на патот мој, ги скрати дните мои, Боже мој! He земај ме на половината од деновите мои!

Tвоите години се од род во род. Во почетокот Ти, Господи, ја основа Земјата, небесата се дело на Tвоите раце; тие ќе пропаднат, а Ти ќе пребиваш; сите тие – како облека ќе оветвеат, и како наметка Ти ги менуваш и тие исчезнуваат.

Ho Ти си секогаш истиот, и Твоите години нема да завршат. Синовите на Твоите слуги ќе се веселат и потомството нивно ке се зацврсти за навек.