ИСПОВЕДНА МОЛИТВА (Самоиспитување на совеста)

Пред нашиот Спасител Господ Исус Христос, и пред тебе, чесен оче, јас многугрешниот, ги исповедувам сите мои согрешенија,
сите мои зли дела што ги извршив преку сите денови на мојот живот.
Ги исповедувам и сите мои лоши помисли сѐ до овој ден.
Согрешив, и не ги запазив заветите на светото Крштение.
Прости ми, Господи! Прости ми, чесен оче!
Согрешив со маловерие и со помисла против верата и Светата Троица; со неблагодарност за сите Божји благодети и со невнимателно и дури и напразно произнесување на Божјото име. Прости ми, Господи! Прости ми, чесен оче!
Согрешив, не го возљубив Бога со целото свое срце и го избркав од себе спасителниот страв Божји;
не ja исполнив Неговата света волја и светите заповеди;
согрешив преку небрежно осенување на себеси со крстниот знак;
со неблагоговено однесување кон светите икони;
согрешив, постојано не носев крстче, и се срамев да се крстам и да Го исповедам Господа.
Прости ми, Господи! Прости ми, чесен оче!
Согрешив, не ја исполнив заповедта за љубов кон ближниот,
бидејќи не нахранив гладни
и не напоив жедни,
не ги облеков голите,
не ги посетив болните и затворениците;
зашто не се поучив од законот Божји и од преданијата на светите Отци поради мрзливост и неодговорност.
Прости ми, Господи! Прости ми, чесен оче!
Согрешив против Животворните и Свети Тајни Христови,
пристапувајќи кон нив без неопходната претходна подготовка,
без скрушеност и страв Божіи.
Прости ми, Господи! Прости ми, чесен оче!
Согрешив со збор, со помисла, и со сите мои чувства:
поглед, слух, мирис, вкус, и допир, волно и неволно, во разум и без расудување, и не можам да ги пребројам гревовите поради нивната безбројност.
Но искрено жалам за сите гревови, кои ги наброив и за оние на кои не можев да се сетам, и во иднина со Божја помош, ветувам дека нема да ги извршувам.
А ти, чесен оче, прости ми, ослободи ме од нив, и помоли се за мене грешниот, а во судниот ден сведочи пред Бога за исповеданите гревови мои.
Амин.