MECTOTO HA KOE CE НАОЃА PAJOT, СПОРЕД УЧЕЊЕТО HA CBETOTO ПИСМО И ОЦИТЕ HA ЦРКВАТА

Местото на Првобитниот земски рај, според Светото Писмо, се наоѓало на исток.

“И го насади Господ Бог рајот во Едем, на исток (1 Moj. 2, . И небесениот рај се наоѓа на исток.

Преподобна Теодора раскажувала, дека по разделбата од телото, во друштво на ангели, се упатила на исток. Големиот угодник Симеон Дивногорац го видел рајот на исток.

Исто така и Ефросинија Суздалска го видела на исток.

Заради тоа исток во Христијанската црква има големо значење: така, храмовите co олтарите се свртени кон исток; покојниците се погребуваат свртени co лицето кон исток; православните се молат свртени кон исток.

Православната црква се нема занимавано co истражување на местото – paj, во вселената, но, таа во своите молитви и песни, особено на Велика Сабота и Воскресение Христово, укажува дека рајот се наоѓа на небо.

Многу Божји угодници во Новозаветната Црква се удостоиле да го видат рајот, кој, по нивните опишувања, имал изглед на прекрасна градина. Ho, природата на pајот одговара на природата на неговите жители – духови, па заради тоа е недостапен за нашите чувства, огрубени од гревовите.

При погребувањето на Мајката Божја, свети Јован одел co гранче во рацете, кое од рајот го донел свети архангел Гаврил.

Свети Макариј Велики пишува дека, по телесната смрт, наследниците на pajoт ce пресретнуваат и се одведуваат во посебни градини во живеалишта одпорано приготвени и врз нив се ставаат скапоцени алишта (Беседа 16, .

Свети Григориј Синаит пишува дека рајот е пониско небо; дека дрвјата од рајските градини се постојано покриени co цветови и плодови; насреде рајот тече река, разделена на четири дела и го напојува рајот.

За таа река зборува Мојсеј: “И вода течеше од Едем, за да го наводнува рајот, а потоа таа се раздвојуваше во четири реки (1 Мој. 2, 10).

Кај сите свети оци и учители на Црквата, рајот се претставува како прекрасна градина, co неопишана убавина, чија природа потполно одговара на природата на душите, a Koja e недостапна на нашите огрубени чувства.

Но таа природа на рајот, недостапна за многу луѓе, била co дејство на Светиот Дух, достапна за некои луѓе. Така, во една прилика, слично на апостол Павле, кој бил искачен во рајот, таму се искачил односно бил издигнат и подвижникот, игумен Власиј.

Тој, својот подвижнички живот, го започнал уште во млади години и доживеал висок степен на духовно совршенство.

Во него се појавила желба да сознае во каква состоба и место, после телесната смрт, одат душите на монасите кои се подвизуваат за време на земниот живот.

По тригодишни секојдневни молитви за тоа, во својата ќелија, тој една ноќ за време на молитва, неочекувано, бил издигнат во рајот, кој имал изглед на прекрасна градина, преполна co мирисливи дрвја co прекрасни цветови и плодови.

Под едно дрво, на златен престол, седел еден монах од неговиот манастир, по име Ефросин, догледувајќи го, Власиј му пристапил и го запрашал:

“Дали си ти тоа, синко Ефросин, и што правиш ти тука?”

“Јас, од Бога сум тука поставен за стражар” – одговорил Ефросин.

“A дали ти можеш нешто да ми дадеш, ако јас ти побарам?” – продолжил игуменот Власиј.

“Можам, барај”, – одговорил Ефросин.

Тогаш Власиј, покажувајќи co рака на блиската јаболкница му рекол:

“Дај ми од ова дрво три јаболка”.

Ефросин скинал три јаболка и му ги дал на игуменот. Овој ги зел јаболката, ги ставил во џебот од мантијата и во тој час си дошол на себеси.

Тој себеси повторно се видел во мантија и co три јаболка во џебот од мантијата. Во тој миг заѕвонило за утрена.

По завршувањето на богослужението, игуменот му заповедал на братството да не излегува од храмот. Тогаш од кујна го повикал монахот Ефросин и пред сите го запраша:

“Каде беше синко мој, минатата ноќ?”

Ефросин го наведнал погледот во земјата и ништо не одговорил. На навалувањето игуменово, најпосле одговорил: “Таму, оче, каде што ме виде”.

“А каде јас сум те видел?” – запрашал старецот.

“Онаму каде што од мене побара три јаболка, во светиот рај Божји, и јас ти ги дадов и ти ги прими” – одговорил Ефросин.

“Еве, тоа се трите јаболка, кои ги добив во рајот Божји”, – продолжил игуменот, покажувајќи им ги јаболката на братството.

“Оваа ноќ Бог ме удостои да го видам рајот и да бидам во него”.

Јаболката како рајски благослов, биле поделени на братството, а болните меѓу нив веднаш оздравеле, кога вкусиле од нив. (Азбучен Патерик).

Од реченото се гледа дека рајот постои и дека Ефросин и Власије биле во него co нивните души.

Пренесено од книгата “Задгробни тајни” од игумен Антониј

Подготви МИна Даниливска

Претходна статијаСакаш пари? Ќе го дадеш и паричникот. Сакаш трон? Ќе седнеш на коклица! (Старец Пајсиј)
Следна статијаТаа навистина е Мајка на Господ Исус Христос и според тоа е Богородица!