Старче, кога некој духовен човек треба да се соочи co едно искушение, зар ни тогаш нема место за логиката?
Тогаш треба да го направи она што како човек може да го направи, а она што не може, нека му го препушти на Бога. Некои луѓе се обидуваат сѐ да објаснат со разумот.
Тоа е исто како некој да сака да се моли co умносрдечната молитва, ама co разумот.
Ја притискаат главата за да се сконцентрираат, а после имаат главоболка.
Кога јас така би се соочувал co проблемите co кои секојдневно се среќавам, мислиш дека би можел да испливам? Но го правам она што како човек можам, а после сѐ му препуштам на Бога.
Велам: „Ќе даде Бог, ќе ми покаже што треба да направам”.
Многумина размислуваат:
„Како да ја направам оваа работа, и што да правам co ова, а што co она?”, и така, и за најмала ситница ги боли глава. Кога човек се обидува работите да ги уреди само co логиката, целиот се побркува.
Треба Бога да го претпостави на секое свое дело. Ништо да не прави без верба и доверба во Heгo, зашто, во спротивно, ќе чувствува страв, мозокот ќе му биде преморен, а и психички лошо ќе се чувствува.
Старче, рековте дека никогаш не сте напнати. Како успевате?
Да, така е. Работата е во тоа што на проблемите не им се спротивставувам co разумот. Ако ме боли главата, тоа е или од настинка, или поради нискиот притисок. А имам толку работи и проблеми co кои треба да се соочам!
Секој ден ми доаѓаат луѓе co своите проблеми, co своите болки. Мислам на оние што поминале низ различни неволји, на болните…
И ако на некој му биде подобро, a тоа не ми го каже за и јас малку да се порадувам, продолжувам да се грижам за него.
Старче, како монахот правилно да ја насочи својата помисла, за да не се уморува co логиката?
Треба да ја организира co духовната, а не co светската логика; да го заврти копчето на духовната фреквенција; неговото размислување и неговата поставеност кон сѐ треба да биде духовно.
Дури и кај еден мирјанин што живее духовно нема место за светската логика.
Светската логика е за еден добар човек, но неверник.
Старче, што подразбирате под духовно поставување /кон работите/?
Духовно поставување е кога она што тебе ти причинува радост, се коси co она што им причинува радост на луѓето од овој свет.
Се радуваш, на пример, кога не ти обраќаат внимание.
Само ако живееме спротивно на светските стремежи, ќе пребиваме во духовна средина.
Сакаш пари? Ќе го дадеш и паричникот. Сакаш трон? Ќе седнеш на коклица.
Старче, колкав процент на логика имаме ние?
Море, вам ви е потребно малку да ги олабавите „винтовите”. Ќе се молам за тоа љубовта да ви ги олабави „винтовите”, зашто во тоа и е божествената лудост.
И навистина, подобри се оние што се лекуваат во Лембетија (психијатриска болница), од христијаните рационалисти, од гордите логичари.
Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од старец Пајсиј Светогорец