НАУКАТА НА ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА ЗА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
Науката што ја проповеда Православната црква за лицето на пресвета дева Марија, се заснова на Светото писмо, ја објасниле знаменитите свети отци – овие столбови на православието, a ja одредиле и засекогаш ja утврдиле светите вселенски собори.
Од Бога вдахновените книги на Стариот и Новиот завет нѐ учат дека Синот Божји прими на себе човечка природа и се роди од пресвета дева Марија за да го спаси човештвото.
Пророкот Исаија многу време пред раѓањето Христово го претскажа ова:
ете, Девица ќе зачне и ќе роди Син и ќе My го дадат името Емануел (Иса. 7, 14), а ова име кога ќе се преведе од еврејски на наш јазик, значи: co нас е Бог.
Свети апостол Павле вели: Бог го испрати Својот Син, Кој се роди од жена (Гал. 4, 4) и Својот Син, по тело роден од семето Давидово (Рим. 1, 3).
Ваквото чудно појавување на земјата на Синот Божjи, преку секогаш девствената мајка, мораше без секаков сомнеж да jа издигне и Богомајката до надземна слава.
Таа навистина стана Мајка Божја, како што јавно призна, според вдахновението на Светиот Дух, нејзината роднина Елисавета, која вака ја поздрави: откаде ова, при мене да дојде мајката на моjoт Господ? (Лука 1, 43).
И станувајќи мајка на Исуса Христа, таа го зачувала своето девство како што вели евангелистот Матеј: и не се доближи до неа (Јосиф), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус (Мат. 1, 25).
И на Неа, секогаш девствената Богомајка и припаѓа висока слава, неа ja прославуваат сите народи во сите векови, сите што веруваат во Исуса Христа ја слават и величаат, како што и таа за таквата прослава рече: отсега ќе ме ублажуваат сите родови (Лука 1, 48).
Науката на Православната црква за пресвета дева Марија се искажува во овие главни мисли:
1) Таа навистина е Мајка на Господ Исус Христос и според тоа е Богородица;
2) Таа е Секогашдева – до раѓањето, во раѓањето и по раѓањето, секогаш била и останала дева;
3) Таа е поголема од сите небесни сили и од сите светители, почесна од херувимите и пославна од серафимите;
4) Таа е прва по Бог и пред Бога наша застапничка и помошничка!