ИЗВОР Отец Димитар Арсовски
НЕКОЛКУ ТОЧКИ ЗА (ЧИТАЈ ПРОТИВ) ПРВОАПРИЛСКИТЕ МАСКИРАЊА!
Веќе почна да се чувствува еуфријата во врска со денот на лагата, па сакам да споделам едно кратко размислување во неколку точки.
Одиме по ред:
– Прво и основно, за беља секогаш се паѓаат за време на Великиот (Велигденски) пост кој нѐ подготвува за дочек на радосната вест за Христовото Воскресение, период кога нашите срца и умови треба да се трудиме да ги издигнеме кон Бога, кога треба да се уподобуваме на Оној во чија уста не се најде измама (1 Јов. 2, 22), а ние го правиме дијаметрално спротивното – лажеме.
Повеќето од Вас ќе речат дека пак ја тупиме или радикализираме работа и дека тоа е само шега.
Шега или не – лагата си е лага, е само сега е малку фино завиткана во розев целофан.
Преданието ни е јасно и недвосмислено изложено за тоа каков треба да биде нашиот живот посебно за време на постите. Светите старци поучуваат:
Покајанието започнува од јазикот. Додека јазикот не биде скротен нема ништо од покајанието…
– Се прашувам што симболизираат и што изобразуваат маските?
Христос вели: Јас сум вистината (Јов. 14, 6), а тука има сѐ, само вистина не.
Од светоотечкото искуство знаеме кој е мајстор за маскирање со цел да прелаже и погуби некоја душа, некој што пред векот отпадна од Бога. Сите знаеме кој е, нели? За асоцијација го цртаат со рогчиња и има црвена боја…
– Делот во врска со забавите и конзумацијата на алкохол (секако тука се подразбираат и додатните елементи за пред и за after-от) во денови на строг пост инстантно ќе го прескокнам, џабе ќе Ви одземам од времето, а убеден сум дека Ви е повеќе од јасно што треба да се направи.
– Сега на кратко во врска со дечињата, односно со секуларноста и едукативниот систем.
De facto секуларноста важи само кога е нешто поврзано во врска со Православието. За жал, halloween ни е веќе како добро утро (до душа претходната година благодарение на навремените реакции на совесните родители помина без кревање прашина), но знаеме за конкретни случаеви за практикување на јога и медитација што е дел од источен религиозен систем, а маскирањето е својствено за некои изумрени пагански верувања и обичаи кои за волја на вистината сега воскреснуваат пред сѐ благодарение на капиталистичкото општество, ама и со „амин“ од образовниот систем, плус минува без најмала реакција од било кој поединец или група.
Испаѓа дека е ОК да се маскираат, ама кога ќе ги доведат во храмот или не дај Боже црноризец да се појави во училиште следува лавина од реакции и хистеришања во стилот перење на мозоци, индоктринирања, нарушени права, слобода итн.
Сосема ни е јасно дека нема да можеме да го сосечеме од корен ваквото „торжество“, но премолчувањето нѐ прави соучесници и кукавици.
Верата истовремено претставува и исповедништво.
Верата се брани, таа не се манифестира со истетовирани крстови и ликови на светители, или дебели златни ланци со крстови, со запалена свеќа и дарче со надеж за инстантно подобрување на земниот живот.
Православието е борба и пред сѐ крст кој треба достојно да го износиме.
Мамички и теткички, дечињата ви се cute и без маски, тие ни се од Бога дадени икони на кои ние треба да се огледаме, да ја видиме нивната чистота и искреност и да се трудиме и ние возрасните да ја практикуваме во нашите животи, а не да им ја поганиме нивната чиста душа.
Тие стебла за да бидат исправени и цврсти дрвја, треба Вие да им го дадете правецот и да ги калемите.
Зборувајте им на Вашите деца за Бога, за да не дојде време да Му зборувате на Бога за Вашите деца.
Да застанеме во доброто…!
Отец Димитар Арсовски