Свештеникот при МПЦ – Охридска Архиепископија, Горан Стојчевски, неретко знае да даде појаснувања на многу дилеми кои се појавуваат меѓу верниците во врска со народните верувања, наспроти вистинското практикување на верата и животот во Христос.

Ви го пренесуваме неговиот последен статус, објавен на Тодорова Сабота, денот кога многумина кои ја испостија првата недела од Великиот пост се причестуваат (најчесто неспремни, без исповед и благослов од духовник) и потоа продолжуваат да јадат месо:

Оти, само на малкумината не им грижа ниту за здравје, ниту за среќа, туку да се соединат со Христа преку Причеста и да бидат едно со Него, со сите и со сѐ преку Него.

Но, сепак милоста Негова е безмерна и сите ќе нѐ прими, но ќе им се открие само на оние кои Го бараат повеќе од јадење и пиење.

Наравоучение:

не правете ништо на своја рака без исповед и благослов, оти ништо нема да биде од она што сме намислиле дека ќе биде, само ако еднаш годишно правиме нешто пред Бога, и за жал и тоа во своја слава…

Претходна статијаВообразеноста – фалбаџиство и осудување на другите!
Следна статијаКремирање на покојниот (На ваши прашања одговара свештеникот)