Живвеам во една европска држава, имав случај каде мој најдобар другар загина. Но поради немање пари да го вратат во Македонија, овде го кремираа телото…и пепелта му ја пуштија во река..
Дали е ова според каноните на црквата и дали може да го практикуваме .
И дали може да се молиме за тие починати?!
Благодарам за одговорот
Одговара отец Горан Стојчевски
Треба да се информираме во поглед на најблиските македонски црковни општини во Европа, бидејќи во повеќето од нив имаме свои храмови и наши свештеници со цел да се излезе в пресрет за било каква потреба што се однесува од литургиски живот, па сѐ до било која потреба од светите тајни како крстени православни верници.
Што се однесува до креирањето, тоа не е според православната традиција, а за молењето, како што вели еден свет отец никогаш да нѐ престане за покојните.
Најдобро е што побргу да стапите во контакт со најблиските наши свештеници таму и со благослов да се направат потребните помени за покојниот кога веќе не е направено опело.
А, што се однесува до спомнувањето на Литургијата и задушниците секако да се запази молитвата, како и вашите за покојниот.
Бог да го прости, а вам секое добро во Бога.