ВИСТИНСКИ РАСКАЗ ЗА РАЈОТ ( Голем е Бог – Старец Клеопа)
Пред Твоите очи илајада години се како вчерашен ден, што поминал (Псал, 89,4).
Си бил едне калуѓер во еден манастир и се прашувал:
„ Како можат да поминат илјада години како еден ден?“
Толку е убаво во Рајот и толку е големо блаженството што илјада години се како еден ден.
Калуѓерот бил црковник и водел возвишен живот. Тој и се молел на Богородица неколку години и и велел:
„Мајко Божја, моли му се на Спасителот Христос да ми покаже, како илјада години поминуваат како едне ден? Оти знам дека овие слова на Светиот Дух се вистинити“.
Се молел три години и Бог му покажал.
Тој бил црковник и во ноќното богослужение останал сам во црквата и го читал акатистот на Богородица. Клучевите ги држел во раката , а паната ја држрл преку рамената.
Одеднаш во храмот влетал еден орел и застанал на иконостасот.
Но бол толку убав, каков што никој дотогаш не видел во својот живот. Бил во илјадници бои, имал црни очи и гледал низ црквата. Секој пердув бил како скапоцен камен.
Калуѓерот кога го видел орелот дека застанал на иконостасот, заборавил да се моли и размислувал:
„Ќе се обидам да го фатам! бидејќи ако го фатам не ќе ми треба друго богатство на оваа земја! Па макар и еден пердув да му земам!“
Скокнал по орелот, но орелот одлетал во средината на црквата. Изгледало дека не може да лета. За малку ќе го фател, но орелот одлетал во припратата.
„ О, жалосен јас! Помогни ми, Господи, да го фатам !“
Но штом ја ставил раката врз него, орелот полетал, но ниско и така одлетал од црквата и застанал на оградата. Штом се залетал калуѓерот да го фати, орелот одлетал кон шумата. Потоа монахот ја прескокнал оградата, велејќи:
„ Господи, помогни ми да го фатам!“
И за малку да го фати, но орелот повторно одлетал, сега, пак, на некоја ливада.
„Господи, не ме оставај. Барем еден пердув да земам !“
И кога се обидел повторно да го фати, орелот одлетал на една елка. Тогаш монахот во плач извикал: „Господи, не бев достоен да земам ниту еден пердув“.
И гледал кон орелот: „Господи, Господи, колку убава птица! Никогаш не сум видел толку убава птица!“
Но, одеднаш, орелот започнал да пее некоја песна која овој монах никогаш не беше ја слушнал на лицето на оваа земја.
Тоа бил ангел во лик на орел, но тој тоа не го знаел; и застанал и го гледал , кој му пеел триста педесет и пет години.
Мислејќи дека поминало само еден час , монахот за сето време ниту остарел, ниту се уморил, ниту огладнел, ниту ожеднел и никој не го забележал. Одлетал орелот, а монахот ги држел клучевите при себе, кога одеднаш се присетил:
„Ох, жалосен јас, не ја зедов паната а и црквата остана отклучена, ќе одам да ја заклучам црквата“.
Стигнал во близината на манастирот, а клучевите ги држел во раката, но манастирот не си го препознал Црквата била поинаку препокриена, а ќелиите биле изменети.
Си помислил во себе: „Господи, или не ме напушти умот, или, пак, овој манастир не е нашиот “.
Знаејќи дека се задржал само ЕДЕН ЧАС отишол кај чуварот со клучевите во раката. Гледајќи старец со бела брада, со блескаво лице, тој (чуварот) му рекол:
– Благословете оче! Кој пат ве води ваму?
– Синко, одам да ја заклучам црквата.
– Но, од каде си ?
– Оттука, од манастирот.
– Каде беше?
– Тука во близината.
– Оче, ти не си од нашите.
– Не ме препознаваш, синко јас сум оној монах, црковниот и одам да ја заклучам црквата!
– Почекај, оче да одам да му јавам на игуменот.
– Но игуменот сонил сон во кој го добил следното откровение, некој глас кој три пати се јавувал: „Отворете ги капаците на манастирот за да влезе гулабот Господов!“
– Оче, дојде некој старец, со блескаво лице, и вели дека сака да ја заклучи црквата бидејќи бил црковник.
– Отвори му, синко, бидејќи ова е голема тајна! Дојди со него кај мене.
Кога стигнале кај игуменот, тој го запрашал старецот:
– Оче, дали ме познаваш?
– Не.
– Дали го познаваш манастирот?
– Повеке не го познавам. Црквата ја познавам, но и таа како да не е повеќе истата, беше поинаку препокриена.
– Но, каде беше досега, оче?
– Тука бев, во шумата.
Игуменот наредил да се заѕвони и да се собере целиот собор кој броел околу триста монаси.
Потоа го одвел овој калуѓер на средината од црквата, го оставил пред иконостасот за да можат да го видат сите калуѓери и го запрашал:
– Оче, од сите овие монаси, дали познаваш некого?
– Нека е жив Христос, никого не познавам, одговорил.
– Вие дали го познавате овој калуѓер? – ги запрашал игуменот и монасите.
– Не го познаваме – одговориле сите.
– Оче, ако велиш дека си излегол пред еден час, кој беше игумен кога замина? – го запрашал старецот.
– Ава Иларион.
– Кој беше еклисијарх?
– Ава Амвросиј.
– Кој беше економ?
– Ава Киријак .
– Кој беше ризничар?
– Ава Геронтиј.
Тогаш рекол игуменот:
– Голема тајна се открива меѓу нас. Нека дојде задолжениот монах за архива.
И му рекол: „Оди и донеси ја манастирската архива наназад неколку стотина години и побарај кога бил овој ред на монаси“.
Барал наназад за педесет години, за сто години, барал за двеста години, за триста години и не пронашле. И побарале наназад за триста педесет и пет години и пронашле некои списи, изедени од молци, стари и заборавени на таванот на манастирот.
Кога почнале да читаат, почнале и да ги наоѓаат.
– Оче, но кога замина?
– Мора да има околу едне час и повеќе.
– Оче, ни за што Му се молеше на Господа?
– Одамна се молам и читам молитви на Богородица за да ми го покаже Спасителот она што го пишува во Псалтирот:
ИЛЈАДА ГОДИНИ ПРЕД ТВОИТЕ ОЧИ ГОСПОДИ, СЕ КАКО ВЧЕРАШНИОТ ДЕН ШТО МИНУВА!
– Оче, еве Пресветиот и Предобар Бог те удостои та ја ислуша твојата молитва. Не сакаше да веруваш, н о сега ќе поверуваш, сакаше да се увериш.
Еве, откако си заминат поминаа 355 години!
Старецот почнал да плаче. Игуменот му одговорил:
– Погледни, оче, бидејќи Господ ти го покажа чудото за кое во вера се молеше.
Ако 355 години ти се сторија како еден час веруваш ли сега дека илјада години пред Господа се како еден ден?
– Верувам, оче!
Тогаш игуменот му заповедал на некој свештеник да го облече брзо одејанието, да ги донесе Светите Тајни и да го причести страецот пред сите.
Старецот ги примил Светите тајни и рекол:
– Отци, да ми простите, оти големо се случи врз мене.
Лицето му се осветлило како сонцето.
Побарал од сите простување и се упокоил во црквата.
Подготви Мина Даниловска