50.

2 февруари 1950 г.

Усрдна застапничка, Мајка на Вишниот Господ.

Ти посакувам добро здравје, богољубива слугинке Божја!

Ти се’ yштe не научи да водиш борба со непријателот на човечкиот род. Ти се приближил co своите лукави досетки, a ти веднаш паѓаш во очај. Успокој се и не вознемирувај се! Ѓаволот те заплискува co спомени на претходните согрешенија; а нив не треба да ги прифатиш, едноставно не обрнувај внимание.

Еве што пишува преп. Марко Подвижник:

 

„Претходните гревови му штетат на верниот, ако се потсетува како изгледале! Бидејќи ако носат co себе тага, тогаш оддалечуваат од надешта, а ако се јавуваат без тага, не’ носат во претходаната нечистотија”.

A преп. ава Доротеј рекол:

„Ако страста не’ вознемирува, не треба да се возбудуваме од тоа, бидејќи возбудувањето е плод на неразум и гордост”.

Најмногу од се’ плаши се од гордоста, бидејќи поради гордоста главниот ангел — Денница (Луцифер), станал сатана, т.е. противник Божји и за него Господ подготвил вечна мака.

Кога ѓаволот те заплискува co помисли на самофалба, тогаш треба само да се сетиш на претходните гревови за да се смириш како што е речено во Отачникот.

Всушност, еден подвижник кога ѓаволот почнал да го напаѓа co самопофални помисли, си рекол себеси:

,,Старче! Погледни на својот разврат!” А за твоите претходни нечисти побуди, чедо, биди спокојна, Бог ќе ти опрости.

Си почнала да се разболуваш. Што да се прави?

Потпри се на Божјата волја. Болестите не’ потсетуваат на преминот во вечноста. Ти посакувам телесно здравје и душевно спасение.

Господ нека те варди!

Пренесено од книгата “Писмата на валаамскиот старец”

Претходна статијаСтарецот рече… (Господ им испраќа на лугето различни неволји: на едни многу тешки, а на други — лесни…)
Следна статијаТвојот пост да биде според твоите сили и пред Божјото лице…