10. Твојот пост да биде според твоите сили и пред Божјото лице…
Тој ќе ги очисти твоите гревови и безаконија, душата твоја ќе ja направи воздржлива и издигната, ќе ти го освети умот и ќе ги одгонува бесовите од тебе и ќе те приближи до Бога.
Јади еднаш на ден, а вторпат и не посакувај да јадеш, за да не трошиш многу, и да не го заматуваш твојот ум. Ползата од постот, значи, е и во тоа што секогаш ќе ти останува нешто за правење на добри дела и што ќе можеш да ги умртвуваш телесните страсти.
Но, ако има кај тебе некои од браќата, и ќе има потреба да јадеш и втор и третпат, не помрачувај го твоето лице и не измачувај се, туку радувај се што ти се дала можност да им послужиш на тие твои браќа.
И кога тогаш ќе јадеш по втор и третпат, благодари My на Бога затоа што си го исполнил законот на љубовта, и затоа што Самиот Бог ќе се грижи за тебе и за твојот живот. Понекогаш доаѓа и болест и телесната болест и непоштедност ќе бараат од тебе да јадеш двапати и трипати, па дури и повеќе пати на ден.
Тогаш нека не те вознемируваат твоите помисли. Зашто не е неопходно строго да ги држиме нашите телесни подвизи и за време на болеста. Тогаш се разрешуваме по одобрение на нашиот духовен отец од сите строги телесни подвизи, за да можеме брзо да закрепнеме телесно и да ги продолжиме пак сите наши подвижнички подвизи.
A пo однос на тоа од кои јадења треба да се воздржуваме, словото Божје не ни забранува ништо да јадеме. Тоа вели: “Се’ што се продава на пазар, јадете без какво и да било испитување поради совеста” (1. Kop.10, 25).
И во Стариот завет: “Се’ што се движи и живее, ќе ви биде храна; сето тоа ви го дадов, како што ви го дадов зеленото растение” (1. Мој. 9,3).
И уште: “Она што влегува во уста не го осквернува човекот, туку она што излегува од устатата“
Затоа, воздржувањето од некои јадења да биде секогаш дело на нашиот слободен избор и самоволен подвиг на нашата душа.
Пренесено од книгата “Добротољубие” Том I (Авва Евагриј)