ДВАЕСЕТ И ШЕСТИ НАСЛОВ
Оние што пристапуваат кон монашкиот живот треба да се прифаќаат после многу испитување. Зашто, оние што се примени после испитување. главно, постануваат искусни. Што треба да им се дозволува
ОД ЖИВОТОТ HA СВЕТИ ПАХОМИЈ
1. СВЕТИ Пахомиј бил се’ уште млад кога неговото срце се разгорело co љубов кон Бога и кога посакал да стане монах. Тој слушнал за некој пустиник, што се викал Паламон и живеел сам, и отишол кај него сакајќи да живее co него.
Кога пристигнал до неговата ќелија, која била близу до пустината, тој почнал да тропа на вратата. Старецот ја подотворил вратата и го прашал:
„Што сакаш и кого го бараш (co оглед на тоа што, поради долгото подвижништво во осаменост, станал строг)?” Пахомиј одвратил:
„Бог ме испрати кај тебе, да ме направиш монах.”
Старецот, пак, му рекол: Ти не можеш да станеш монах. Монашкото дело не е мала работа. Затоа многумина од оние што дошле овде потклекнале, не можејќи да останат.”
Пахомиј одговорил:
„Живеалиштата на сите луѓе не се исти. Прими ме и времето ќе те увери.”
„Ти реков дека не си во состојба да останеш”, – бил упорен старецот. „Оди на друго место да се подвизуваш некое време. Потоа дојди и ќе те примам. Зашто, јас овде живеам подвизувајќи се строго, по благодатта Божја, не примајќи ништо друго освен леб и сол. Од маслото и виното целосно се воздржувам. Половина ноќ бдеам во молитва и поучување во Божјото слово, а понекогаш и цела ноќ.”
Слушајќи го, Пахомиј почувствувал стравопочит од строгоста на неговите зборови. Но сепак, co одлучна душа дека co помош на Божјата благодат храбро ќе истрае во секој подвиг и труд, тој рекол:
„Верувам во Господа дека ќе ми даде сила и трпение да се удостојам, пo твоите преподобни молитви, овде да го завршам својот живот.”
И сфаќајќи ја, co дарот на прозорливост, верата и намерата на Пахомиј да се спаси, свети Паламон ја отворил вратата, го примил внатре и го облекол во монашки образ. Оттогаш живееле заедно, во подвиг и молитва. Како ракоделие се занимавале co предење на влакна од кози и co ткаење на торби.
Тие многу се труделе во својата работа, по зборовите на апостолот (1 Кор. 4,12), не заради свој спокој, ниту заради собирање на пари, туку заради прехранување на сиромашните. И гледајќи ги послушанието на Пахомиј и неговото напредување во подвигот, Паламон многу се радувал и го славел Бога.
2. НЕПРЕСТАЈНАТА молитва била причината поради која на свети Пахомиј му се открила Божјата волја.
По некое време, додека бдеел и се молел co гореспоменатата молитва, му се јавил ангел Господов и му рекол:
„Божја волја е да My служиш и да ги помируваш луѓето co Hero”
Кажувајки му го тоа трипати, ангелот си заминал.
Пахомиј му заблагодарил на Бога. Од повторното видение што го доживеал, тој се уверил дека треба да почне да ги прима оние што доаѓале при Бога co покајание.
И пo многу испитувања, тој ги облекувал во монашки образ, забранувајќи им животни работи и упатувајќи ги постепено да напредуваат во подвигот.
Доброслов
Подготви М. Д.