ПОЧНУВААТ ДА МУ СУДАТ И НА БОГА
Старче, меѓу младите постои стремеж да се суди на се’ и на секого. Дали тоа било отсекогаш?
He, некогаш не беше така. Тоа е духот на ова време. Сега не е доволно што ги осудуваат мирјаните, политичарите и црковните луге, туку им судат и на светителите, a полека почнуваат да му судат и на Бога.
– Bo тој случај Бог требаше да го направи тоа и тоа. He пoстапи правилно. Бог не требаше да го направи тоа! – велат.
Го слушаш ли ова?
– Бре, дете мое, зар ти треба да кажеш?
– Зошто? Само го кажувам, своето мислење -ти вели, не сфаќајќи колку е дрско тоа.
Светскиот дух уништи многу добри работи. Злото напредува преку една, воопшто, лоша состојба, преку хулата. My судат на Бога и не помиспуваат дека тоа е хула. Има некои кои се високи /крупни/, а ако при тоа имаат уште и малку памет, почнуваат да говорат:
„Овој е за жалење, оној копа, оној другиот прави така и така” и сите ги сметаат за ништо.
Еднаш во ќелијата ми дојде неко) човек, па ми рече:
– Бог не требаше ова да го направи така.
– А можеш ли ти да задржиш еден камен во воздухот?
Овие ѕвезди што ги гледаш не се мермери што светат. Тоа се огромни топки што се вртат co голема брзина, така стојат и не паѓаат-му реков.
-Јас сепак мислам дека тоа не би требало да биде така – рече повторно.
Го слушаш ли ти ова! Ние ќе му судиме на Бога? Дојде логиката и довербата во Бога исчезна. И ако му речеш нешто, ќе ти рече
: „Извини, јас само го изнесов своето мислење. Зар не смеам да кажам што мислам?” Што се’ не ќе слушне Бог од нас! За среќа, не сфаќа се’ сериозно.
Bo Cтapuoт завет се споменува за тоа како Бог им рекол на Израелците: Изгони ги од пред тебе многубројните народи /5 Мојс. 7, 1 и понатака/. Бог знаел зошто го рекол тоа.
Ho тие рекле: Тоа не е многу човекољубиво. Ќе ги оставиме. Нема да ги истребиме. A после Израелците паднаа во беззаконие, идолопоклонство, и своите деца ги жртвувале на идолите, како што пишува во псалмот.
Бог знае зошто нешто прави. Ho, и покрај тоа, некои луѓе дрско говорат: „Зошто Бог го создал пеколот”.
Така почнува осудувањето, а потоа во човекот исчезнува духовното настројување, се губи и таа малку Божја благодат што ја има за да може нешто подлабоко да сфати, односно за да сфати зошто Бог направил нешто.
Тоа „зошто” е суд, превознесување, егоизам.
Старче, некои млади прашуваат: „Зошто Христос мораше да биде распнат? Зар Бог не можеше да го спаси светот на некој друг начин!”
Он не’ спасил токму на тој начин и луѓето не треба да ги интересира зошто тоа не го направил поинаку. Има и некои што велат:
„Бог ништо не претрпел. Се жртвувал Синот”.
Според моето мислење, еден татко попрво би избрал да се жртвува себеси, отколку да го жртвува своето дете. За еден татко поболно е да го жртвува своето дете, отколку самиот себеси. Бидејќи не сфаќаат што е тоа љубов, што можеш да им кажеш?
Некој друг ми рече:
„Адам имал две деца, Авел и Каин. Каде после се нашла жена за Каин?” Но ако некој внимателно го чита Стариот заввт, ќе види дека после Сит, Адам поживеа уште… раѓајќи синови и ќерки /1 Mojc. 5,4/.
Каин после убиството на својот брат побегнал во планините, и не знаел дека жената што ја зел била негова сестра. Бог така устроил /уредил/ за луѓето да бидат од еден род, за да не постојат зло и злочин.
Така е уредено за да можат луѓето да речат: „Од исти родители сме, од Адама и Ева”, за да се спречи човечката злоба. Па и покрај сето тоа, гледаш ли колку зло има денес!
Што се’ не претрпувам од таквите луѓе кои ми доаѓаат во ќелијата!
Им велам: „Ме боли главата, а немам ни аспирин”.
После тоа си заминуваат вознемирени. Не разбираат зошто им реков дека ме боли главата, па велат:
„Толку се измачивме за да дојдеме, a тој ни вели дека го боли главата!”
Други ме прашуваат: „А да ти донесеме аспирин?”
Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од Старец Пајсиј Светогорец