“Лепче и винце”?
3а жал, во црква често доаѓаат на причест луѓе кои воопшто не веруваат дека примаат Тело и Крв Христови, туку мислат дека тоа се обични лепче и винце и заради тоа се невнимателни и се гнасат кога се причестуваат од иста лажичка co сите останати.
Живееме во време кога уште од мали нозе учиме дека здравјето е најбитно од се’ на светот и дека треба многу да внимаваме на него. Па така, учиме дека треба да внимаваме при исхраната, да имаме свој прибор за јадење и пиење, да ги миеме рацете пред јадење.
И оттаму е наметнат тој страв од болести и гадење од другите. Тоа е донекаде вистина кога се работи за обична храна. Но овде ни се дава Христос, односно Неговото Пречисто Тело и Крв, најсветото нешто на светот.
И доколку се пренесуваат болести преку Светата Причест, тогаш сигурно дека свештениците и ѓаконите би умреле од некоја зараза многу брзо. A тоа не само што не се случува, туку го гледаме и спротивното: свештениците имаат и долг земски живот и одлично здравје.
Ако толку лесно се пренесуваа болести преку Светата Причест, тогаш тие ќе беа првите жртви, а тоа очигледно не се случува. Така што, од лично искуство знаеме, веруваме и уверуваме дека нема причина да се плашиме од Светата Причест, во неа нема ништо гнасно или заразно.
Заради ваквите сомнежи светителите на Црквата Божја ни препорачуваат да ја читаме секојдневно молитвата пред Причест:
„Верувам, Господи, и исповедам дека Ти си навистина Христос…” (ја има во секој молитвеник). Во житијата на светиите има многубројни примери на чудесно исцелување од Светата Причест или пак непренесување на заразни болести на оние кои цврсго верувале.
Интересен е случајот од житието на светиот Никола Планас, атински брачен свештеник, кој бил повикан да причести болен човек од лепра во напредна фаза.
Еве што се вели во неговото житие:
„Еве уште еден настан кој ги покажува ненадминливата вера и побожност кои отец Никола ги имаше во извршувањето на неговите свештени обврски. Таму во неговата парохија, во малата тесна улица, се криеше еден човек кој беше во напредната фаза на лепра. Неговите усни беа изедени од оваа ужасна болест.
Еднаш отецот отиде кај него за да го причести, но неговата распадната уста не можеше да го прими Светото Тело Господово и така падна малку на едната страна од неговата уста.
Без било какво колебање – апсолутно никакво – отецот се наведна и co својата уста го зеде Божествениот Бисер Кој беше паднал и го изеде!
Нека го видат ова оние, на кои им е тешко да примат Причест затоа што се плашат од бактерии!…
Всушност, тоа е голема хула: дека Едниот Бог на живите и на мртвите, Творецот на небото и на земјата, може да биде заразен од бактерии! Бладања на умно-помрачени неверници!
А што се однесува до болниот човек, тој беше пронајден од полицијата и испратен во лепрозна населба, заедно co неговата ќерка, која исто така беше болна и си ги имаше изедено прстите. Но, на отецот ништо не му беше”.
Bo книгата „Од умот до срцето” е опишан уште еден вистинит, чудесен настан кој се случил во Скопје, пред неколку години:
„Младата мајка co слаба вера, повеќе од традиција или затоа што другите така и’ рекле, го зела в раце своето четиригодишно девојче и тргнала да го причести на ден Божиќ.
Чекајќи така во редот, гледала како другите се причестуваат пред неа, па почнала да размислува вака:
‘Гледам толку луѓе, стари и млади, убави, грди, болни, што барам јас тука co моето дете? Може само да си го разболам дополнително од таа една единствена лажичка што сите ја ставаат во уста.
Ако не повеќе, ќе му се направат ранички околу устата’.
Додека така размислувала и не забележала дека веќе стои пред путирот и испружената лажичка. Во тој миг таа го стиснала детето на градите и возбудено рекла:
,Не, не, не ни треба тоа!’
И веднаш во паника избегала од редот, на големо изненадување на свештеникот и на присутните. За онолку време, колку што и требало да стигне дома, околу дваесетина минути, во ужас и страв видела дека целата уста на девојчето, однадвор и однатре, заедно со јазикот, била полна co ситни ранички, слични на херпес.
Се случило токму тоа што го помислила, тоа од што се исплашила кога стоела пред најискупителната тајна за спас на човекот. Заклучила дека тоа не можело да го предизвика „страшната” лажичка, бидејќи таа навреме ја одбегнала.
Ho набргу ја сфатила пораката, го препознала знакот; па избезумено и co каење се вратила кај истиот свештеник, но сега веќе co силна вера, барала причест за нејзиното девојче. Тоа не било можно, бидејќи веќе било доцна.
Но затоа, свештеникот ја исповедал и и’ прочитал други молитви. Набрзо потоа, на нејзино чудо, сите промени од устата на девојчето едноставно исчезнале. Жената ја спасила верата co која силно и ненадејно се здобила”.
Исто така, треба да знаеме дека по причестувањето не смееме да плукаме, особено не смееме намерно од гнасење, затоа што Светата Причест не смее да се плука, и помал грев е црквата да ja запалиш, отколку светата Причест да ја плукнеш.
Еве еден илустративен пример од житијата на светиите, за еден човек, кој ја фрлил светата Причест: „На островот Кипар има заливТаде. Во негова близина се наоѓа манастир, наречен Филоксенов (Гостопримлив). Кога отидовме таму, најдовме еден монах, родум од Милет, по име Исидор. Ние видовме како тој постојано плаче co лелеци и ридања. Сите го убедуваа барем малку да престане co плачење, но тој не се согласуваше.
– Јас сум толку голем грешник, – им велеше на сите, -каков што немало уште од Адам па до денес…
– Навистина, отче, – му одговаравме, – сите ние сме грешници. Кој е без грев освен едниот Бог?
– Верувајте ми, браќа, – одговараше монахот, – ни во Писмото, ни во Преданието, ни меѓу луѓето не најдов грешник, сличен на мене и грев, како оној што го сторив јас. Ако вие мислите, дека јас се клеветам себеси, слушнете за мојот грев и помолете се за мене.
Bo светот јас бев женет, – продолжи монахот. Јас и жена ми и’ припаѓавме на сектата на Север. Еднаш кога се вратив дома јас не ја најдов жена ми дома и дознав дека таа отишла кај сосетката, за да се причестат заедно. А сосетката и’ припаѓаше на Светата Православна Црква. Јас ненадејно се втурнав таму, за да ја спречам жена ми.
Влегувајќи во домот на сосетката, дознав дека жена ми штотуку примила света Причест. Фаќајќи ја за грлото, ја натерав да ја поврати светињата. Ја зедов светињата и ја расфлив надвор и на крајот таа падна во калта.
И одеднаш, пред моите очи, молња ја грабна Светата Причест од тоа место… Поминаа два дена и ете јас гледам еден етиопјанин, облечен во партали.
– Јас и ти – обајцата сме осудени на иста казна, – ми рече тој.
– Ho, кој си ти?- го прашав.
– Јас сум оној кој го удри Создателот на сите, Господ нашиот Исус Христос по образот, за време на Неговото страдање, ми одговори етиопјанинот”.
– Ете зошто, – рече монахот, завршувајќи го своето раскажување, – јас не можам да престанам co плачење.
Таков и пострашен е крајот на сите оние кои ја презираат светата Причест, кои се гнасат од неа, кои не веруваат и ја плукаат. Да не’ чува Бог од таков страшен грев!
Исто така, постои и една група на верници, кои очигледно знаат како треба да се подготвуваат за Света Причест и дека треба да се исповедаат, но поради маловерие или неверие се служат со лукавство.
Имено, штом ќе дојдат пред Светиот Путир (Чаша), пред да ги причести свештеникот, ќе го прашаат:„отче, немав време да се исповедам, може ли да се причестам?”
И веднаш го ставаат свештеникот во незгодна состојба. Ако не им дозволи да се причестат, ќе си заминат гневни и ќе го обвинуваат свештеникот како виновник, а ако ги причести од снисходење, тогаш тоа ќе им стане навика, а свештеникот ќе си стави грев на душата.
Затоа, советуваме, да не се служиме co такви лукавства пред Причест, туку навреме да дојдеме на исповед, a не да глумиме пред Светиот Путир. Штом некој се осмелил да Го лаже Христос, тогаш тоа е знак дека тој човек е неверник и таквиот нема да има никаква полза од Причестувањето, дури тоа и ќе му биде за осуда.
На Причест се оди co страв Божји, искрена вера и љубов, а не co лукавство.
Пренесено од брошурата “Како да се подготвуваме за Светата Причест”, Повардарска епархија, Велес 2012 година
Подготви Мина Даниловска