…Во повикот:
Но на мене, Твојот слуга – Го исповедаме Господ како Владика, а себе како слуга.
Тоа е чуството на големината Божја и нашата ништожност. Св Ефрем вели: подари ми (Господи), затоа што секое добро е од Господа и е дар Божји и ништо не треба да сметаме како своја заслуга.
Дај ми дух на целомудрие – тоа не се однесува само на чистотата на нашето телото, туку на целовкупното битие и личност – цело мудрие.
Потполна, совршена мудрост; состојба.
Со оваа прозба ние бараме чистота на телото и на целиот наш дух и живот.
Тоа е враќање на првобитната човекова состојба и понатаму напредување до степен на обожение, уподобување на Господ.
Тоа се постигнува само со подвиг.
Треба да се подвизуваме телесно, да се трудиме во непрестајната молитва, да имаме свој духовен отец на кој ќе ги исповедуваме своите гревови и да се причестуваме.
Со чистењето на нашето срце од страстите, ние го просветлyваме нашиот ум и го обожуваме целото наше битие.
Потоа св. Ефрем во молитвата бара смирение.
Смирението е првата скала од скалилото на добродетелта кон совршенството. Ако сакаме да се искачуваме, неизоставно ќе мора да почнеме од смирението и затоа св. Ефрем, токму него го проси од Господа.
На црковнословенски тоа се нарекува смиреномудрие, смирен и мудар, просветлен ум.
Нашиот најголем проблем е гордоста на умот и затоа треба и да го смириме под некој друг ум. Гордоста е и духовно слепило.
Бидејќи сме духовно слепи имаме потреба oд духовен водач кој ќe не води и чува на патот за да не (от)паднеме.
Тој духовен водач е свештеникот или некој свештеномонах од некој манастир или оригинално Епископот. На него треба да му го покориме нашиот горд ум на исцеление.
Со исповед и целосно послушание, ние го ставаме нашиот ум на исцеление и просветление.
По целомудрието и смирението од Бога бараме трпение или поточно долготрпение. Трпението е како поливање вода на семето.
Ако на семето кое сме го посадиле не му дотураме постојано вода, тоа нема да роди или ќе свене, ако веќе родило. Затоа долготpпението е потребно во подвигот на очистување на срцето. Тоа треба да не прати до крајот на животот.
На крајот, св. Ефрем од Бога бара љубов, чиста, совршена љубов, во којашто ние целите се даваме за Бога и другите.
Љубовта треба да биде чиста, неусловена од ништо, слободна, потполна. Љубовта ни е природна, вродена особина, затоа што Бог ни ја дал на почетокот создавајќи не според Неговиoт образ и подобие.
Кога љубиме ние се вподобуваме на Бога, кога немаме љубов на ѓаволот. Ако дозволиме некоја слабост на братот или сестрата да застане меѓу нас и да ни го мати умот и срцето, та да се колебаме за да го љубиме, тогаш немаме вистинска љубов.
Љубовта покрива многу гревови (1 Пет. 4:8 ).
Вистинската љубов не дозволува да застане нешто помеѓу мене и Бог и мене и другиот. Таа тоа го покрива и елиминира.
Љубовта е најважна од се како што и поетот на љубовта, св. Ап. Павле сведочи: , – ако љубов немам, ништо не сум…, штом љубов немам, ништо не ми користи…
А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта. (1 Кор. 13, 1-13)
Овие добродтели; целомудрието, смирението, трпението и љубовта се спротивни на претходно споменатите страсти и ги победуваат.
Уште еднаш правиме метанија како потврда на сето тоа и по трет пат се исправаме на молитва и бараме:
Да, Господи, Цару, дај да ги согледам своите согрешенија и да не го осудувам мојот брат зашто си благословен во сите векови. Амин !
Осудувањето е огромна пречка во духовниот живот. Осудувањето е многу опасна страст.
Кога човекот ќе го очисти своето срце од страстите, се ослободува од ропството на страстите и гревовите, благодатта е толку силна што ги држи настрана и е речиси невозможно за подвижникот да ги повтори.
Меѓутоа, осудувањето е многу реална ситуација и Светите Отци велат дека осудувањето може повторно да ги турне подвижниците, затоа што всушнпст во осудувањето се насобрале многу страсти во едно.
Кога осудувањето е толку опасно за докажаните подвижници, тогаш колку повеќе за нас обичните смрници.
Причина за осудувањето, пред се, е гордостта. Таа ни ја помрачува светлината на умот и ние не ги согледуваме своите гревови, ама како наше оправдување во другиот ги гледаме и ги осудуваме.
За себе просиме милост, а од другиот бараме перфекција. Тоа е најуспешната ѓаволска тактика против единството и љубовта меѓу луѓето.
Своите гревови да не ги забележуваме, криејки ги или оправдувајки се самите, а за сметка на тоа да ги преувеличува грешките на другиот и ги прави толку неопростливи. На овој начин нема напредок и затоа св. Ефрем се моли да му даде Господ духовни очи да го согледа тоа.
На крајот молитвата завршува со благословување на Бога кој е едниствено благословен во сите векови. А “Амин” става печат на се досега кажанотo, дека е така.
Потоа правиме уште ден поклон, па 12 пати “Господи Помилуј” и уште еднаш ја кажуваме целата молитва со поклон.
Ако малку размислиме според скалата на трите степени на духовниот живот – очистување, просветление и обожение – во првата прозба св. Ефрем ја опишува состојбата на очистување на срцето, во втората прозба се застапени заедно особините на просветлeние и обожение.
Оваа молитва треба да се кажува во секое време, а особено за време на големиот пост кога аскетско- исихастичкиот дух е нагласен.
По молитвите на светиот Ефрем Сирин, Господи Исусе Христе, помилуј не. Амин!
Отец Гаврил (Галев)
игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“,
Кинглејк, Мелбурн, Австралија
Целото слово прочитајте го на линкот…