Некои луѓе се жалеа дека кај нив нема разговор со Бога, туку само – читање на молитвата.
Старецот одговара :
Зошто вашата молитва постанува читање или исчитување? Затоа што е нашата совест со нешто помрачена:
1. Или затоа што некому нешто не им сме опростиле.
2. Или затоа што не сакаме да отстапиме од гревот за кој што сме врзани и тој постојано се повторува.
Затоа нашата молитва постанува – исчитување, а не молитва.
Укорите на совеста доаѓаат од нечистото срце од кое што исходи само зло. Значи, трeба да се седне на маса и да се потсетиме:
Што беше тоа? Што лошо реков вчера, преку денот или вечерта?
Или, што лошо помислив или лошо посакав, што ме лишува за способноста и правото да се молам?
Нема тоа да го заборавите, зарем, не? Способност и право на молитвата, разбирате?
Некому не сме сакале да му простиме или не можеме да простиме и не бараме простување.
Ние сме тогаш, злопамтиви, зарем, не? Тогаш, не смееме да се молиме!
Што да се направи во тој случај?
Треба да се запишат укорите на својата совест. Да се запишуваат за исповед. Тоа што ќе му се напише на духовникот, на Бога му се пишува.
Потоа веќе можеме да се молиме.
Тајната почнува да се извршуваат.
Како друго, ти го потврдуваш своето покајание, своето самоосудување. Твојата намера себе да се унизиш пред човекот и да побараш простување, така?
+++
Старецот не задаваше долги правила. Објаснуваше дека само духовно несмасни луѓе може да даваат долги правила. Сметаше дека основата на молитвата е – вниманието и објаснуваше како треба да се чита своето монашко правило, за тоа да биде, молитва;
Срцето да плаче, тоа е молитва!
Само под услов себе си да се сметаме за последни, секого да сметаме повеќе од себе, никого да не осудуваме.
Подучувал на умната молитва без учество на сетивата.
„ Молитвата е слевање на срцето со Бога преку умот, т.е. треба да се молиме со срцето преку умот. Кога човекот се моли со срцето со учество на умот, го одбегнува страдањето на срцето низ знаењето. Таа е терминатор на духовниот живот“.
Говореше дека многумина ги мешаат смирението и грижата на совеста и дека грижата на совеста нема ништо заедничко со духот на смирението и скрушеноста.
Гржата на совеста , тоа е демонско покајание кое што доаѓа од гордото Јас. Никого не треба да се окривува, ниту ѓаволот, ниту другиот човек, туку секогаш да се има прекор за себе си.
Нам ни е дадена способност да му се спротивставиме на гревот и да се браниме од него, да не подлегнуваме на искушенијата со Божја помош, чувајќи се себе си со штитот на молитвата преку смирението.
+++
Молитвата во храмот зависи од нашата куќна молитва. Куќната молитва е основа за молитвата во храмот. Ако молитвата дома е онаква, каква што треба да биде, неизоставно и молитвата во храмот ќе биде во ред.
Најдоброто време за молитва е – ноќта.
Ноќе се читаат акатисти, молитвата Исусова, Семилостива, Достојно…
Потребно е да ја отстраниме грижата кога одиме во храмот Божји.
Тоа е вообичаена демонска замка, тој наш површен однос кон себе си. Со тоа, само се лишуваме од сладоста од стоењето пред Бога за време на богослужбата и виновни сме само ние самите. Зашто не се изградуваме, не се чуваме.
Додека одиме на кај Црквата, ние веќе мораме да бидеме молитвено расположени и така да влеземе во храмот.
Преоѓајќи го прагот на храмот, обавезно треба да се молиме со Исусовата молитва.
И така , со Исусовата молитва да се вклучиме во богослужењето.
Ни во кој случај не смееме да ја изговараме молитвата механички, туку со плач, не вознемирувајќи се` што не го слушаме поењето и читањето.
Ушите ќе го слушаат поењето и читањето, а срцето ќе плаче со вапај со Исусовата молитва.
Тоа ќе се прелева во едно, зашто незамисливо е монахот да ја остави Исусовата молитва заради богослужењето.
Таа се остава само на Евхаристијата. Се заситува со молитва само оној кој е во вапај, но без покајание, механички. Но ако е во плачен вапај, никогаш нема да чувствува заситување.
+++
Старецот ги предупредуваше оние кои одат по духовниот пат:
ако знаеме дека човекот сме го повредиле или огорчиле и знаеме дека тој веројатно не може да се моли зашто е навреден, ако тој не најде за мене оправдување, значи дека тој – не се моли , така ли е?
Тој е помрачен, зарем не?
Тој сега не е христијанин! Го оставил Ангелот чувар. А виновен сум – ЈАС!
Да се сфати ова, значи да се биде – христијанин!
И законот на љубовта е нарушен. Законот на љубовта! Тука никакви подвизи со пост, милосрдие, милостиња, нема да помогнат.
Треба да се помириш со Бога, да го спознаеш гревот, да имаш намера и да потрчаш и во прва прилика, што побрзо да побараш прошка.
Самољубието е причина на сите несреќи и од него зависи вечното спасение.
Заради тоа Светите отци говорат: „Смирение – без труд, спасение“!