Којзнае што е среќа, a што несреќа?
Многупати сме биле сведоци дека она што ни изгледало како несреќа – се претворилo во среќа; и обратно.

+++

Заборави се себеси, мислејќи и работејќи за доброто на другите и радувај се!

+++

Радоста нe произлегува од човечката слава, парите и разните задоволства на телото, туку од љубовта и слободата во нашиот живот.

+++

И тагата може да биде причина за радост – вели легендата.
+++

Нема поубаво од плачење насамо, поради вистинска причина.
+++

Си пораснал кога тагата и несреќата ќе ги претвориш во материјал од кој ќе си ги градиш радоста и среќата.

+++

Световната тага не може да се претвори во радост co задоволување на ниски страсти.

А, вистинската радост – секогаш ја следи возвишена тага.

дедо Наум

Претходна статијаСедма Недела по Педесетница – „Верувате ли дека можам…?“ Да, Господи!
Следна статијаБЕСПЛАТНО ДОБИВТЕ, БЕСПЛАТНО ДАВАЈТЕ… (Дедо Наум)