Лошо” око
Зависта што покрај себе има злоба, може да им нанесе штета на луѓето. Тоа е „лошо” око – демонско влијание.
Старче, дали Црквата признава „лошо” око?
Да, за тоа постои и посебна молитва. Кога некој зборува од завист, тогаш се случува тоа што се нарекува „лошо” око.
Многу луѓе, старче, бараат „очиња” за бебе, за да не им се случи некое зло поради „лошо” око.
Дали смеат да се носат такви работи?
He, не смее. Кажете им на мајките да им стават крст.
Старче, ако некој пофали нешто што е добро направено, а оние што го направиле тоа пофалбата ја примат co гордост и превознесување, ако подоцна тоа пропадне, дали урокот е причината за тоа?
Тука не станува збор за урок.
Во тој случај делуваат духовните закони.
Бог ја повлекува благодатта и настанува штета. Урокот ретко се среќава.
Луѓето што се завидливи и злобни, а такви се малкумина, се тие кои фрлаат уроци.
На пример, некоја жена ќе здогледа едно слатко детенце co својата мајка и злобно ќе рече:
„Зошто јас да го немам ова детенце? Зошто Бог ѝ го даде токму на неа?”
Тогаш, тоа детенце може да претрпи штета:
да не спие, да плаче, да се мачи, затоа што таа жена го рекла тоа co злоба.
A кога детето би се разболело и умрело, жената би почувствувала радост во себе.
Некој друг ќе види некое теле, ќе му се допадне и тоа веднаш липсува.
Многупати детето може да се мачи, а за тоа да биде виновна самата мајка.
Односно. можеби, мајката некогаш здогледала некое слабичко детенце, па помислила:
„Што е ова? Каков костур од дете!”
Се возгордеала поради своето, a осудила туѓо дете.
И она што злобно го рекла за туѓото дете, се остварило на нејзиното. Подоцна детето се мачи поради својата мајка, а не е ништо виновно.
Се распаѓаат, се распаѓаат, кутрите, за да бидат казнети мајките и за да ја сфатат својата вина.
Тогаш, секако, детето ќе биде како маченик! Божјите судови се неискажливи.
Пренесено од книгата ,,Со болка и љубов кон современиот човек” од Старец Пајсиј Светогорец