НЕДЕЛА ОД ТРЕТАТА СЕДМИЦА НА СВЕТИОТ ПОСТ

Евангелие според Марко 8, 34-39; 9, 1

34 И кога го повика народот и учениците Свои, им рече: »Кој сака да врви по Мене, нека се одрече од себе, и нека го земе крстот свој и нека оди по Мене.

35 Зашто, кој сака да ја спаси својата душа, ќе ја загуби; а кој ја загуби душата своја заради Мене и Евангелието, тој ќе ја спаси.
36Оти каква полза е за човека, ако го придобие целиот свет, а на душата своја ѝ напакости?

37 Или каков откуп ќе даде човек за својата душа?

38 Зашто, кој се срами од Мене и од зборовите Мои во овој прељубодеен и грешен род, и Синот Човечки ќе се срами од него, кога ќе дојде во славата на Својот Отец со светите ангели.«

1 И им рече: »Вистина, ви велам: тука стојат некои, што нема да вкусат смрт, дури не го видат царството Божјо, дојдено во сила.«