ОНОЈ ШТО НИ ПРАВИ НЕПРАВДА, ДОБРО НИ ПРАВИ
Старче, како би требало да се однесуваме кон човекот што неправедно постапува кон нас?
Како да се однесуваме?
Како кон некој наш голем добротвор, кој внесува влог во Божјата штедилница.
Hѐ збогатува за вечноста. Зар тоа е мала работа?
Зар не треба да ги сакаме своите добротвори?
Зар не треба да им искажуваме благодарност?
Исто така, и оној што ни причинува непријатности треба да го сакаме, да му благодариме, зашто ни прави добро за вечноста. Неправедните трпат неправда во вечноста, а оние што ја примаат неправдата co радост бидуваат оправдани во вечноста.
Еден побожен семеен човек доживеал многу неправди на работното место.
Но беше многу добар, и сѐ трпел без негодување и без гневење.
Еднаш дојде во мојата ќелија и ми раскажа за сѐ. Потоа ме праша:
Како е најдобро да постапам?
Вака направи – му реков.
Имај надеж во божествената правда и во божествената отплата и трпи.
Ништо не е залудно. Ha тој начин ќе заштедиш во Божјата штедилница.
Во другиот живот сигурно ќе примиш награда за сѐ што си претргал во овој живот.
Но знај, добриот Бог и во овој живот му исплатува на оној што трпи неправда.
Ако не секогаш на него самиот, секако ќе му исплати на неговото дете. Бог знае. Промиспува за своето создание.
Ако некој претрпи докрај, работите ќе дојдат на свое место.
Бог сѐ устројува.
Потребно е трпение без логика. Бидејќи Бог гледа сѐ, сѐ следи, треба и сецело Нему да му се предадеме.
Гледаш, Јосиф ништо не рекол кога неговите браќа го продале како слуга.
Можел да рече: Јас сум нивни брат”, но не рекол, па потоа проговорил Бог правејќи го владетел.
Но ако некој нема трпение, тоа е мачење.
Секогаш сака работите да се случуваат онака како што нему му одговара. Секако, никогаш не наоѓа мир, ниту, пак, работите му се спучуваат онака како што би сакал тој.
Ако некој трпи неправда во овој живот, од луѓето или од демоните, Бог не се грижи, затоа што неправдата ѝ донесува добивка на душата.
Многупати велиме дека ни е направена неправда, а во суштина ние правиме неправда.
Затоа треба да внимаваме за да не се „уловиме” самите себеси.
Пренесено од книгата “Со болка и љубов кон современиот човек” од Старец Пајсиј Светогорец