Така се празнува Пасхата Христова нa земјата и во тоа празнување учествуваат сите христијани, достојни и недостојни, бидејќи сегашниот живот е подложен на промени – неретко достојните стануваат недостојни и обратно, недостојните – достојни, што се виде на примерот на Јуда и на покајаниот разбојник.
Првиот беше во групата на Дванаесеттемина апостоли Христови, три години Го следеше Христа, непрестајно го слушаше Неговото учење, и имаше дар да истерува демони и да исцелува разни болести.
Ho, на крајот, избезумувајќи се од негрижа и од среброљубие, Го предаде Христа и без покајание загина за навек.
Оној другиот, пак, повеќе од триесет години беше во четата на закоравените злосторници, но вразумувајќи се на Крстот своеволно Го исповедаше Распнатиот Син Божји за Господ и за Цар, и прв влезе во Рајот.
Овие примери треба секогаш да ги имаме на ум, за да се воздржуваме од гревот на осудувањето, дури и кога ќе видиме дека некој греши и на самиот крај од животот негов, како што нѐ убедува Свети Јован Лествичник.
Ho, поинаков ќе биде поредокот на празнувањето на Небесната Пасха вечна после сеопштото Воскресение и Судот.
На тоа празнување ќе пристапат само достојните, избраните. И кој еднаш ќе биде пуштен во Небесната Одаја на празнувањето на вечната Пасха, тој вечно ќе остане co оние коишто ја празнуваат co радосен глас.
Α кој ќе се покаже недостоен за учество во тоа празнување, ќе си остане во вечна лишеност и вечно отуѓување.
Ho cera, заради серадосниот Празник, не е време да се говори за горчливата судбина на последните.
Ќе речеме само едно:
сите ние христијаните, додека сме живи, должни сме да бидеме внимателни и претпазливи во однос на своето спасение.
И оние меѓу нас коишто мислат дека стојат, нека внимаваат да не паднат, сеќавајќи се секогаш на ужасниот пример на Јуда кој погина.
Немоќните, пак меѓу нас, и оние коишто паѓаат, нека се разбудат co надеж на исправување, гледајќи го утешителниот пример на благоразумниот разбојник, кој го наследи Рајот.
“О, Пасха велика и свештена, Христе!
О, Премудрост и Слово Божјо, и сило!
Дај ни да се причестуваме co Тебе, во Невечерниот ден на Твоето Царство!” Амин!
