Кога човек живее co Бога и за Бога, тогаш кај него се појавуваат и знаци на дејствувањето на Божјата благодат.
Низ вековите Божјото присуство кај луѓето се покажувало преку различни дарови на прозорливост, чудотворност, гледање директно во срцата на луѓето.
И како што наближуваше крајот на земниот живот на отец Јоаникиј, така тој полека ги почна подготовките.
Иако стар и годините веќе го притиснаа, одлучи сам да си ископа гробно место. Селаните негодуваа, но тој беше цврст во намерата дека тоа е нешто лично за него и дека треба сам да си го подготви.
Една есенска вечер на чардакот седеше отец Јоаникиј co отец Софрониј. И тогаш отец Јоаникиј рече:
-Брате мој. Набрзо ќе си одам од тука. Телово ми е изморено, а душата ми копнее да си одам од овој свет. He ce плашам чедо мое од смртта, зошто Христос рече:
“Јас сум Воскресението и животот. Кој верува во Мене, и да умре, ќе живее. И секој што живee и верува во Мене, нема да умре довека (Јован 11, 25-26).”
-Ти се молам чедо мое, моли се за мене. Ќе ја направам оваа мала моја гробница, каде што ќе го положите моето тело. И да знаеш, нема долго време моево тело да остане во земјата. Ќе излезе надвор, за поука на луѓето.
Софрониј се замисли, но не посвети големо внимание на зборовите од отец Јоаникиј. Беше зима. Месец јануари.
Деведесет и три години откако во Охрид се радуваше семејството Чешмиџиеви на новата рожба.
Шеесет и три години Јоаникиј живееше во Ракотинци. И во толку многу време, co никој не се скара, на никој лош збор не му рече.
Неговата љубов беше безусловна и неизмерна.
Архимандритот Јоаникиј мирно се упокои.
Неговото лице беше смирено и светло. Иако времето беше многу студено, реки од луѓе доаѓаа да се простат од нивниот светилник Архимандритот Јоаникиј.
И децата, кои обично се плашат од мртовци, пристапуваа и му ја целиваа десницата. Се простуваа co солзи како да се простуваат од најомилениот и најблискиот роднина. Oнoj, кој немаше деца по тело, но имаше безброј духовни чед, беше испратен co молитва за Бог да го насели на место светло каде што нема болка, тага или воздишка.
А, молитвата никогаш не е залудна. Единствен начин да сме блнску до оние кои го напуштиле овој свет, е преку молитвата.
Кога за некој искрено ќе се помолиме, преку таа искрена молитва духовно му се приближуваме, и заедно двете души сме поблиску до Бога, ‘бидејќи Бог не е Бог на мртвитe, туку на живите, оти во него сите сме живи’. (Лука 20,30).
Кога секој кој изгубил драга личност ја запознае убавината на нашата Вера, никогаш не би западнал во очај.
По смртта на отец Јоаникиј веќе започна тешкиот период на Втората светска војна. Мажите од селото беа повикани во војна, a жените принесуваа молитви крај гробот на отец Јоаникиј за своите сопрузи.
Таму добиваа утеха и чувствуваа благоухание.
Војната заврши.
Ho, сега власта беше потполно безбожничка. И посака отец Јоаникиј во тоа тешко време на привидна среќа, да им се покаже на мештаните и Бог да се прослави преку чудото на неговото нераспаднато тело.
По некое време од неговата смрт во Ракотинци имаше страшно невреме. Се појави свлечиште баш на местото каде почиваше отец Јоаникиј.
Се собраа селаните и долго време без зборови го гледаа неговото тело. Поминаа тринаесет години, a тој чиниш вчера заспал и мирно спие.
Лицето му беше сјајно, брадата цела, косата, веѓите, трепките, дури и ноктите.
Селаните co почит го пренесоа телото во барака крај храмот на Пресвета Богородица. Цели триесет и три години во полураспаднатата барака телото стоеше без никакви знаци нa распадливост.
Верниците кришум доаѓаа да принесат молитва и само co еден поглед кон светлото лице на Божјиот угодник да се уверат дека единствена вистина во овој суетен свет е Верата наша Православна.
Bo Ракотинци дојде нов свештеник. Селаните од црковниот одбор срдечно го пречекаа и му го покажаа нивното чудо. Еден селанец му рече:
– Отец, co цела почит кон тебе, но да знаеш ние во селово имаме и свој Архимандрит. И би сакале прво Благослов од него да си земеш.
Иако co години нашиот Joaникиj e заспан во Господа, ние му се обраќаме, како на жив.
Ce yпатиja кон малата трошна барака. Отец Боге имаше слушнато за сочуваното тело на Архимандрит Јоаникиј, но кога погледна во телото падна на
колена. Лицето на Архимандретот беше жолто како восок. Чиниш сега заспал и сонува толку сладок сон, што слатка насмевка му се разлеала низ лицето.
И чудото да е уште поголемо, едната рака иако откината исто немаше знаци на смрт. Навистина, отец Боге не беше од оние луѓе кои бараат чуда за да поверуваат, но остана без зборови.
Благодареше на Бога за големата утеха што му ја испрати и долго време остана припиен до телото на Архимандритот.
Неколку ноќи не можеше да заспие. Почувствува дека не е случајно негова средба co архимандритот и дека треба нешто да се направи и да се истражи животот иа овој Божји праведник.
Собираше податоци отец Боге, зборуваше co луѓето кои лично се познаваа co Архимандритот, и не почнуваше литургија без да се помоли пред телото.
Малата барака покрај селскиот храм, за отец Боге беше попривлечна од најубав дворец.
Почна да се шири низ народот за чудото што го има во Ракотинци. Ho, како што во една прилика истакна тогашниот Архиепископ Г.Г. Ангелариј
“Балканот не е тесен, тесни се срцата наши”, мислејќи на безбожниот комунистички режим, на власта им пречеше ова чудо.
По долго размислување од црковните власти беше даден благослов телото да биде погребено.
Се врати Архимандритот да почива повторно покpaj својот манастир, кој го градеше co толкава љубов. Пак Св. Илија го прими својот угодник.
Ho, безбожништвото кај нашиот народ растеше.
Иако, крај гробот се чувствуваше голем мир и прекрасен миомирис и благоухание, сѐ поретки беа луѓето кои го посетуваа.
Местото беше влажно, плочите над гробот нестручно поставени и многуi
вода навлегуваше во гробот.
Светилникот Ракотински беше оставен и заборавен.
Луѓето можеби забораваат, но Бог никогаш.
Бог се сеќава и се радува на секоја добра душа. Дозволи Бог телото да се распадне, но останаа моштите како Благослов кој пристигна во Бигорскиот манастир.
Конечно отец Јоаникиј пристигна на достојно место.
И монасите Бигорски, co Благослов на својот игумен, co огромна љубов пристапија кон миење и чистење на моштите.
Еден од поискусните монаси им раскажуваше на останатите за историјата на почитување на светите мошти.
Мили браќа, според правилото на VII Вселенски
Собор:
“Нашиот Господ Исус Христос ни ги дарувал моштите на светиите како спасоносни извори кои штo на многу начини излеваат добродетели на немоќните. Затоа, ако некој се осмели да ги отфрли моштите на светителите, треба да се лиши од Свтетата Причест.”
Моштите се сведоштво дека Бог е жив.
Тие се
знак од Бога за духовно закрепнување на луѓето и повик кон луѓето да одат по Божјиот пат.
Преку моштите Бог сака да се радуваме на неговото живо присуство. Уште во Стариот Завет се напишани чудата на воскреснување по допирот на светите мошти од Пророкот Елисеј.
Пренесено од книгата “Со вера и трпение до чудесни исцеленија – Св. Јоаникиј Ракотински” од Билјана Андоновска