Бидејќи е света тајна во најдлабоката и најсуштествената смисла, Црквата се изградува, пројавува и се исполнува себеси во и преку светите тајни, а пред сѐ, во „тајната на тајните”, пресветата Евхаристија.

Затоа што, како што рековме, ако Црквата е света тајна на почетокот и на крајот на светот и на неговото исполнување како Божјо царство, тогаш ова се извршува co возвишувањето на Црквата на небото, во „татковината на копнежот на срцето”, во status patriae – кон месијанската Христова трпеза во Неговото царство.

Ова значи дека сево ова – „собирањето како Црква”, возвишувањето до Божјиот престол и учеството во трпезата на Царството – се постигнува “во и преку Светиот Дух”.

„Каде што е Црквата, таму се Светиот Дух и полнотата на благодатта”.

Во овие зборови на свети Иринеј Лионски е врежан опитот на Црквата како света тајна на Светиот Дух.

Затоа што ако таму каде што е Црквата се наоѓа и Светиот Дух, тогаш каде што е Светиот Дух, таму е и обновувањето на созданието, таму е „вечниот почеток на другиот живот”, зората на таинствениот, невечерен ден на царството Божјо.

Затоа што Светиот Дух е „Дух на вистината, дар на синовството, завет на идното наследство, прв плод на вечните блага, живототворна сила, источник на осветувањето, преку Hero секое словесно и разумно создание My служи на Бога и постојано Го славослови” (молитва на Благодарењето од литургијата на св. Василиј Велики).

Co други зборови, каде што е Светиот Дух, таму е царството Божјо.

Преку Неговото слегување на „последниот и голем ден на Педесетницата”, Светиот Дух го преобразува тој “последен” ден во прв ден на новото создавање и ја пројавува Црквата како дар и присуство на тој Прв и Осми ден.

Така, сѐ во Црквата е преку Светиот Дух, сѐ е во
Светиот Дух и сѐ е причестување co Светиот Дух.

Тоа е од Светиот Дух затоа што co слегувањето на Духот, Црквата е откриена како претворање на крајот во почеток, на стариот живот во нов.

„Светиот Дух дарува сѐ; Toj е извор на пророштва, го исполнува свештенството, ја собира целата Црква” (химна од Педесетницата).

Сѐ во Црквата е во Светиот Дух, Кој нѐ издигнува до небесното светилиште, до Божјиот престол.

,Ја видовме вистинската светлина, го примивме небесниот Дух” (друга химна од Педесетницата).

Конечно, Црквата е сосема свртена кон Светиот
Дух, „ризницата на блага и подателот на живот”.

Целиот живот на Црквата е жед за здобивање на Светиот Дух и за учествување во Hero, во полнотата на благодатта.

Како што животот и подвигот на секој верник се состои, како што вели св. Серафим Саровски, од стекнување на Светиот Дух, така и животот на Црквата е истото тоа стекнување, истото тоа призивање, истата таа вечно згаснувана, но никогаш сосема изгасната жед за Светиот Дух.

„Дојди при нас, Духу Свет, и направи нѐ учесници на твојата светост, и на невечерната светлина, и на Божествениот живот, и на благомирисното раздавање…” (канон на Повечерјето на Духовден).

Пренесено од книгата “Евхаристија” од Александар Шмеман (Светата тајна на царството)

Претходна статија„Ha тоа што сте, кажете Амин”- Александар Шмеман
Следна статијаЗначи, немој да речеш дека ѓаволот нема моќ!