ОПРАВДУВАЊЕТО НА СТРАСТИТЕ ПРЕКУ ЉУБОВТА (размилување…)

Без да се вкуси, може ли да се претпостави вкусот на било што?

Оние кои не ја вкусиле благодатаа на Св. Дух или Светлината или Доброто како да сфатат дека Создателот, Бог, нам, создадените ни дарил голем дар:

Слободна волја, слободен избор што ќе прифатиме,
кому и во што ќе веруваме.

Оттаму се и неправдите и злото, и војните и несреќите, лицемерието и блудот..заради својот избор.

Изборот да не се освести понорот на гревот,
да не се осознае дарот на покајанието, лично и колективно Изборот на гревот и темнината.

Еден прост пример: може ли некому да се нареди да биде вљубен или да се објаснува како изгледа љубовта, ете да речеме (сентименталната) меѓу маж и жена?

Не, секако. Тоа само искуствено се сфаќа.

Аналогно, иако неспоредливо, насила ли треба и Бог со свој „авторитет“ да не присили да Го љубиме и да бидеме добри, праведни луѓе?

Дaли во таков случај нема да глумиме љубов?

Велат и се оправдуваат и без да знаат дека и Бог ја оправдува секоја тн. љубов, во било која „форма“, дека не’ повикува и не’ стреми кон љубовта

Но, која љубов? каква љубов?

Љубовтта за која Бог ни говори во евангелијата.

Евангелската како суштина, како природен темел врз кој подоцна и меѓу маж и жена може да се овенча и во брачна.

Евангелски љуби оној кој секому посакува она што е полезно и добро.

Кој во другиот, себеси се гледа. И во среќниот и во страдалникот и помагајќи им, себе си придава во Христа.

Зашто, неретко чувството на љубов е всушност љубовта кон себе, соствениот егоизам,
желбата да се поседува другиот или поистоветување неретко со телесната желба, па и со блудот и нечистото.

Некој рекол: Да, заради љубов – убив!

Божестверната љубов е тоа, сострадалната, пожртвуваната, невината, чиста и безусловна, братска, сестринска, сеопфатната во се’.

Да се љуби како себеси.

Да се љуби љубовта во полнотата на Божјата љубов.

А таа, таквата љубов, најголема е. И не бара СВОЕ…

Љубовта, како совршен крст – верикала – хоризонтала.

Мина Даниловска

Претходна статијаИсус се очистува, а ти го презираш очистувањето? Свети Григориј Богослов
Следна статијаВеликиот канон на св. Андреј Критски