МАСКИРАЊЕ

Маскирањето е начин на живот.

Маскирањето отсекогаш било човеков предизвик, но и соблазна.

Постои надворешно и внатрешно маскирање. Поединечно и групно.

Некој се маскира цела година, а некој се маскира два-три пати во годината.

Некој се маскира за на сите да им стане сѐ, а некој се маскира за од сите да добие сѐ.

Некој се маскира да избрка духови, а некој се маскира за да привлече духови. Тоа видете си сами.

Некој се маскира заради потиснување на страстите или заради нивно задоволување, а некој се маскира заради исцеление на страстите.

Некој се маскира за да се заштити од секојдневните маски, а некој е зависник на своите маски.

А постои и маскирање како исмејување на Божјиот лик. Си немал ѓаволот работа…

Маскирање како поука, критика, слобода на изразување, забава, целно маскирање и што ти не… Дали е навистина можно? Маски, маски, маски… Повеќе заморно отколку интересно.
Маски секако носиме.

Прашањето е: преку маска до личност или преку маска до безличност?

Не бидете сигурни дека правилно сте го сфатиле текстот, и тој е маска – не знам сѐ чија.

Митрополит Струмички Наум

Претходна статијаНЕ НИ МОЖЕВ ДА ПОМИСЛАМ НА НЕШТО ЗЕМНО…(Старец Јосиф Исихаст)
Следна статијаКако среде новогодшната еуфорија да не се изгуби христијанинот?