„Ако ја примиме благодатта
,тогаш се` е лесно, радосно и се` е Божји благослов.

Божјата благодат постојано чука на вратата од нашата душа и чека да отвориме, за да влезе во нашето жедно срце и да го исполни.

Полнотата е Хростос, нашата Богородица, Света Троица. Колку убави работи!

Ако љубиш, тогаш живееш во Омонија, а не знаеш дека се наоѓаш во Омонија. Ниту автомобили гледаш, ниту луѓе гледаш, ниту ништо.

Ти си внатре во себе со личноста која ја љубиш.
Живееш со неа, уживаш со неа и тоа ти дава вдахновение.
Зарем ова не е вистинито?

Замислете таа личност која ја љубите да е Христос?

Христос во твојот ум, Христос во твоето срце, Христос во целото твое битие, Христос на секаде.

Христос е животот, изворот на животот, изворот на радоста,
изворот на вистинската светлина.

Христос е се`.

Оној кој Го љуби Христос и другите луѓе, тој го живее животот“.

Животот без Христос е смрт, пекол, тоа не е живот.
Пеколот е немање љубов.
Животот е Христос.
Љубовта е Христовиот живот.

Или ќе бидеш во живот или во смрт. Од тебе зависи што ќе одбереш.“

Извадок од книгата „Живото и словата на старец Порфириј Кавсокаливит“, Скопска православна епархија 2015, поглавје „За Божјата љубов“, стр. 167
Превод од грчки : јеромонах Атанасиј Арсоски