КОЛКУ Е ИСКРЕНА НАШАТА ПОСЕТА ВО БОЖЈИОТ ХРАМ?
Маж и жена поминале многу години заедно во брак, живеејќи во една прекрасна хармонија почитувајќи се еден со друг.
Жената била презадоволна од сопругот, бидејќи секогаш наоѓала разбирање кај мажот свој. Таа сакала да биде присутна на богослужбите во црквата, а мажот ниту еднаш во текот на заедничкиот живот не и направил проблем околу тоа.
Заедно биле многу среќни, неизмерно се сакале, разговарале за се и сешто и си помагале еден на друг. Помеѓу нив не постоеле никакви тајни.
Сопругата која била веќе бабичка, чувала едно ќупче (грне) со капаче во плакарот во нивниот дом и неколку пати го опоменувала и потсетувала сопругот дека не смее да го отвори ќупчето и да не ја прашува што има во него.
Кога била таа помлада, кај неа се родила идеа, по секое враќање од Црква да става по еден орев во ќупчето, за кога ќе снеможи да оди повеќе во Црква, да изброи колку пати била присутна на Богослужбите. Така, таа тоа редовно го правела, се до моментот кога веќе паднала и била немоќна да се движи и неможела повеќе да ги посетува Богослужбите.
Бидејќи жената не сакала мажот да знае што има внатре во ќупчето, тој ја почитувал нејзината желба, па затоа никогаш не прашал што се наоѓа во тоа ќупче се до денот кога докторот го известил дека деновите на неговата сопруга се веќе изброени. Сопругот бил многу тажен и несреќен.
Почнал да размислува за тоа дека наскоро ќе стане вдовец и почнал да разгледува наоколу во нивната куќа кои работи ќе останат од неговата сопруга кои ќе го потсетуваат кога неа ќе ја нема.
Разгледувајќи, го забележал ќупчето кое се наоѓало во плакарот. Без размислување го зел и го однел до креветот на кој лежела неговата сакана сопруга. Таа кога забележала дека тој го носи ќупчето, се насмевнала.
Со насолзени очи гледајќи го нејзиниот сакан сопруг, била свесна дека ќе го напушти за кратко време па затоа му рекла:
“Сега можеш да го отвориш ќупчето”.
Тој го отворил и внатре што ќе види само две оревчиња, нежно ги извадил и љубопитно ја прашал сопругата да му каже што значи сето ова.
Тогаш жената тивко го прашала со нејзиниот немоќен глас, дали само две оревчиња има внатре? – тој одговорил „ДА“, тогаш бабичката просолзила и веќе и било јасно дека само двапати била искрено пристутна на Богослужбите, па прозборела гласно:
„Бог да ми е напомош, на мене грешната“.
Така и ние браќа и сестри, доколку сме телесно присутни на Светите Богослужби, а со мислите сме далеку некаде решавајќи ги земните проблеми, без да сме учесници во Литургијата, без да се трудиме да ги контролираме нашите мисли и да се молиме, тогаш ќе наликуваме на бабичката која касно сватила колку таа направила за Бога.
Поучувајќи се од таквите примери, да се потрудиме да ја сватиме големината на Светата Тајна Евхаристија, за да не ја промашиме целта како верници.
Птеземено