МОЛИТВАТА ТРЕБА ДА БИДЕ СЕКОГАШ ЕДНОСТАВНА

Преподобен Исак Сирин рекол:

„Сета суштина на молитвата твоја треба да биде едноставна.

Еден збор цариникот го спасил, и еден збор разбојникот на Крстот го направил наследник на Царството Небесно“!

Да се потсетиме на приказната за митникот и фарисејот:

Два човека влегоа во храм да се помолат; едниот фарисеј, а другиот митник.

Кога застана, фарисејот вака се молеше во себе:

»Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе:
разбојници, несправедливи, прељубодејци, или како овој митник.

Постам двапати во седмицата, давам десеток од сè што придобивам.«

А митникот стоеше оддалеку; не смееше дури (н)и очите да ги подигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше:»Боже, биди милостив спрема мене грешниот!«

Ви велам: дека тој си отиде дома повеќе оправдан, отколку оној;
зашто секој што се воздига, ќе биде понизен,
а кој се понизува ќе биде воздигнат.”
(Лк. 23:42).

Само тоа било доволно за да влезе во Рајот!

Претходна статијаГи знаеме ли сите ДЕСЕТТЕ БОЖЈИ ЗАПОВЕДИ?
Следна статија`О, жено! Голема е твојата вера; рече Господ`(Недела седумнаесетта по Духовден)