БУДЕЊЕ…

„…Бог има многу начини на кои ги буди човечките души.

Бог некого го буди со чудо, како што го разбуди Савле.

Некого го буди преку сон, како праведниот Јосиф.

Некого го буди со потресеност заради болест и смрт во семејството, како цар Давид.

Некого го буди со избавување од неволја кога од никоја страна нема избавување.

А некој пак, се буди кога во рацете ќе му дојде Светото Писмо и ќе почне да го чита.

Додека, некој се буди кога случајно ќе слушне слово за Бог, и за душата, и за Страшниот Суд Божји кој доаѓа.

Некој се буди гледајќи ги созданијата околу себе и сите чудеса на природата како дела Божји.

Некој се буди во младоста, друг на зрела возраст, а трет во староста.

А има и многу случаи кога некој се разбудува духовно дури на смртниот час, кога душата ќе се почувствува послободна од тежината и од телесната тиранија.

Но блажени се оние кои рано се разбудуваат, тие се како ранобудници кои в зори стануваат и по цел ден будно мислат, гледаат и работат.

А тие кои се будат во смртниот час се како мрзливци кои целиот ден го преспале и дури на зајдисонце ги отвориле очите и се запрашале:

„Каде сме ние? Кој нè пратил нас?

И зошто сме пратени овде?“…“

(Извадок – Четирите завети на Св. Наум)

Претходна статијаГо добивам она што го заслужив со своите дела! (За Промислата – Св. Игнатиј Брјанчанинов)
Следна статијаПостот и воздржувањето го смируваат бунтот на телото…! (СВ. Григориј Палама)