Прашање:
“Дали е точно дека, православните луѓе не треба да ја одбележуваат четириесетгодишнината?
Знам, дека воопшто одбележувањето на роденденот не е баш христијански. Но зошто таков однос токму кон оваа дата”.
Одговара Еромонах Јов Гумеров:
Негативниот однос кон четириесетгодишнината видливо е, дека е предизвикано заради суеверната асоцијација со четириесетте дена по смртта.
Аналогијата е сосем вештачка. За христијанинот како празник претставува именденот, бидејќи во Црквата во тој ден го извршува споменот на светителот, кој е небесен покровител на славеникот.
Денот на раѓањето во точно значење не претставува празник, но тој е повод за благодарење на Господа Создателот, кој на човекот му дал живот.
Полезно е на роденденот да се замислиме над проживеаните години, да обратиме внимание на грешките и пропустите, да си ги поставиме вистинските цели, чие достигнување животот го прави полнокрвен и радосен.
“Имено животот ни е даден за подготовка за вечноста, и да размислуваме за вечноста, да се задржиме на неа подолго со своето размислување е потполно природно и спомагателно и на роденденот и на именденот:
во овие денови вие одите и во храмот за да му заблагодарите на Дарителот на животот за дарот на животот, и своите роднини и пријатели ќе ги поканите (кој е во можност) – за со своите другари да се провеселите.
Овие денови се посебни, особени во вашиот живот; заради тоа и се празнуваат тие, за да му благодариме на Господа Бога за дарот на постоење, особено за дарот на идниот живот, кој Тој ни го подготвил, да би празнувајќи го во радост со своите роднини, пријатели и познати денот на своето раѓање или именденот (забележете, ние го празнуваме денот на ангелот, т.е. денот на нашиот христијански живот), нам со особено задоволство да си спомниме за животот во идниот век(Символот на верата), за кого ние и во светот дојдовме и живееме на овој свет.
Така размислувајте: дали сте блиски до својата цел – до царството Небесно или уште сте далеку. (…)
Дали собравте во резерва добри дела?
Каква е вашата вера, надеж и љубов?
Во денот на ангелот најдобро е да се размисли за ова, најудобно време да се испита својата вера, надеж и љубов”
(Иоанн Кронштадтский,святитель. Творения. Дневник. 1860–1861. М., 2005. Т. 3. С. 189–190).
Одоговор на свештеник Максим Каскун:
Најдобро пред сè, кога е твојот роденден, изутрината да појдиш на служба: да се помолиш, да се исповедиш, да се причестиш.
Да заблагодариш на Создателот, за тоа дека сме го добиле најважниот дар – Постоењето.
Спознавањето на тоа Постоење, спознавањето на животот, чувството на тоа дека ти живееш, дека ти си човек, дека Ти си лик Божји: За ова треба секогаш да Му благодариме на Бога.
И речиси секоја молитва во литургијата, која свештеникот ја чита, зборува за тоа:
– Ти благодариме Тебе Господи, за тоа што сите нас си нè привел во Битие.
Ова е многу важно! Денот на раѓањето – тоа е како благодарење на Бога за тој дар, кој Тој на сите ни го дал.
Што се однесува до свечената трпеза: – јас не сум против таквите трпези, но, сè треба да биде како продолжение на утрената служба.
Дошле пријателите: Но не треба да се опиваме со вино!
Може да се напиеме по една чаша и сите заедно да му заблагодариме на Бога, дека Господ ми дал живот.
И да се поведе духовна тема: За да кажат пријателите во што треба да се поправиме?
Што сме направиле за својот не така долг живот? Што би можеле уште да направиме?
Сè зависи од тоа како ќе се однесуваме. Ако едноставно од сите се “ослободиме” тогаш:
– Кого ние воопшто некогаш некого ќе го доведеме пред Бога? Да, никогаш!
А кога има повод, ете можност духовно да поразговараме, – тогаш зошто тоа да не го искористиме?
Задолжително треба така и да се прави. Ако ние изутрината му благодариме на Бога, а вечерта повторно се опуштиме, се опиеме, тоа секако не е исправно.
Да се седне на трпеза и да се испие чаша вино, во тоа нема ништо лошо. Но задолжително треба да има духовен разговор, духовна тема, на која може отприлика вака да се каже:
– Ете, денес утрово бев на служба и моето срце го посака тоа и тоа… Многу би сакал во мојот живот тоа да се развива и понатаму. Би сакал и вам тоа да ви се случи.
Што мислите вие за ова?
И поддржувајќи ја така духовната беседа, ваквата свечена трпеза може со радост да се повторува не само на Роденденот, туку и за сите други празници:
Да се покануваат на гости пријатели, да се постави трпеза, да се помолиме пред јадењето, и да се разговара на духовни теми.
Во суштина тоа е многу добро – таквите трпези ги зближуваат луѓето, но камен темелник на секоја таква трпеза треба да биде Христос, а бесот на опивање или уште што не друго.
РОДЕНДЕН
Роденденот е годишен датум, определен број во определен месец, датум, кој соодвествува на раѓањето на човекот.
Зошто некои роденденот не го сметаат за празник, кој христијанинот треба да го одбележува.
Но ние го одбележуваме раѓањето на Мајката Божја, раѓањето на св. Јован Крстител, на Господ наш Исус Христос, – т.е. денови на раѓањето и на Господа и на големите светители.
Секој наш роденден во времениот живот, истовремено сам по себе претставува и раѓање за вечен живот.
Бидејќи секој човек е роден за спасение, а не за смрт. И затоа е можно да се одбележува својот роденден, како благодарност на Бога за тоа, што Тој ни дарувал живот.
Во овој ден, потполно сфатен како христијански празник, во храмот се причестуваат, закажуваат благодарствени молебни, и се разбира празникот го одбележуваат со своите пријатели. Во ова нема ништо паганско.
Протоереј Алексеј Умински
Го́споди, Бо́же, Влады́ка всего́ ми́ра ви́димого и неви́димого.
От Твое́й Свято́й во́ли зави́сят все дни и ле́та мое́й жи́зни.
Благодарю́ Тебя́, премилосе́рдный О́тче, что Ты дозво́лил мне прожи́ть ещё оди́н год; зна́ю, что по греха́м мои́м я недосто́ин э́той ми́лости, но Ты ока́зываешь мне её по неизречённому человеколю́бию Твоему́.
Продли́ и ещё ми́лости Твои́ мне, гре́шному; продо́лжи жи́знь мою́ в доброде́тели, споко́йствии, в здра́вии, в ми́ре со все́ми сро́дниками и согла́сии со все́ми бли́жними.
Пода́й мне изоби́лие плодо́в земны́х и всё, что к удовлетворе́нию ну́ждам мои́м потре́бно.
Наипа́че* же очи́сти со́весть мою́, укрепи́ меня́ на пути́ спасе́ния, что́бы я, сле́дуя по нему́, по́сле многоле́тней в ми́ре сем жи́зни, прейдя́ в жи́знь ве́чную, удосто́ился быть насле́дником Ца́рства Твоего́ небе́сного.
Сам, Го́споди, благослови́ начина́емый мно́ю год и все́ дни жи́зни мое́й. Ами́нь.
Превод:
Господи, Боже, Владико на целиот видлив и невидлив свет.
Од Твојата Света волја зависи сите дни и години на мојот живот.
Ти благодарам, премилосрдни Оче, што Ти ми дозволи да проживеам уште една година;
знам дека заради моите гревови јас не сум достоен за оваа милост, но Ти ми ја даваш заради Твоето неописливо човекољубие.
Продолжи ја уште Твојата милост кон мене грешниот; продолжи го мојот живот во добродетели, спокојство, во здравје, во мир со сите роднини и во слога со сите блиски.
Подај ми изобилство на земни плодови и сè што е потребно за задоволување на моите неопходности.
Најповеќе – очисти ја мојата совест, поткрепи ме на патот на спасението, за одејќи по него, по многугодишниот живот во овој свет да преминам во живот вечен, да се удостојам да бидам наследник на Твоето царство небесно.
Сам, Господи, благослови ја започната од мене година и сите дни од мојот живот.
Амин.
.