КОЈ Е МОЈОТ БЛИЖЕН (извадок)
Учејќи се да ги љубиме оние кои е тешко да се љубат, мораме да се молиме за нив.
Исто така, можеме да изразуваме љубов во време кога се` уште не ја чувствуваме.
Еден човек исповедаше дека тој нема љубов за Бог и човекот, но дека одлучул да дела како да е ољубовен.
Така по 35 годин него му беше дарена милоста да љуби.
Неговите дејаниа за време на 35-те години не претставуваа хипокритство. Тоа беше вежба.
Кога се причестуваме, ние се молиме за милоста да љубиме:
Нека оваа причест ми биде на искрена љубов…
Бараме- да не живеам веќе за себе туку за Тебе, што е молитва со која се опишува љубовта.
Слично на ова, можеме да се молиме за оние за кои чувствуваме дека неможеме да ги љубиме.
Господи Исусе Христе, биди милостив кон Твојот слуга (име) и по неговите/нејзините молитви помилуј ме!
Бог е божествен, ние сме луѓе.
Но, Бог иако божествен, може да живее во мене до тој опсег така што неговата љубов ќе делува во мене, и ќе ја преобрази мојата човечка љубов со Неговата божествена љубов.
Љубовта е патот кон вечноста!
Од одговорите на Сестра Магдалена на прашањата:
Учењето да се љуби е болно.
Наликува на болката да се научиш да го користиш екстремитетот после повреда. Парализираната личност почнува да мисли дека нејзината состојба е нормална.
Болката која секој мора да ја доживее во надминувањето на парализата се чувствува како смрт.
Понекогаш светителите во својата спремност да ја страдаат болката на љубовта, се опишуваат како мазохисти.
Но љубовта која се – дава себеси не е психолошко заболување, не повеќе од болеста на мајката која одговара на потребите на своето дете, затоа што таа живее за друг.
Всушност, постои голема радост во љубовта, но истовремено и тага.
Светиот Павел вели да се радуваме со оние кои се радуваат и да плачеме со оние кои плачат.
Ние мораме да го избегнеме искушението да ги направиме Евангелието да одговара на нашата “потреба” или на светскиот поглед на моменталната “можност” на нашата ситуација.
Во нашиот личен живот би морале да престанеме да возвраќаме на злото со зло, дури и ако тоа подразбира во почетните степени – да се оковаме себеси во столица ,со цел да го контролираме нашиот гнев.
Светитот Павел вели, “љубовта не мисли зло”.(1Кор. 13:4).
Исто така ги слушаме зборовите Христови на крстот, “тие не знаат што прават” (Лука 23:34).
Он, како што се случи, ги оправдува (чини изговори) за Своите непријатели.
Ние мора да бараме од Него да ни ја даде таа љубов.
Кога сме соочени со провокации, треба да ги сметаме за испит.
Да ги посматраме постапките на другите, дури и злите постапи, како Божја промисла, која Он дозволил да ми се случи – единствено моите зли постапки не треба да ги сметам како Божја промисла, за нив ја превземам вината.
Запомнете ги различните одговори Христови. Понекогаш Он беше тивок (молчеше).
Понекогаш зборуваше со лутина. Но, Он никогаш не се плашеше и Он секогаш ги љубеше другите.
(од записот на Џим Форест )