НЕДЕЛА ЕДИНАЕСЕТТА ПО ДУХОВДЕН

Евангелие за проштавањето

Матеј 18, 23-35; Зач. 77

Господ Исус Христос, кога умирал на крстот, и во смртните маки се трудел да им биде од полза на луѓето.

He мислејќи на себе, туку на луѓето, испуштајќи ја душата, Тој кажа една од најсилните поуки Koja воопшто ја дал на човечниот род.

Тоа е поуката за проштавањето.

„Оче, прости им, оти не знаат што пpaвaт!”

Никогаш и ни од едно губилиште дотогаш не се слушнати такви зборови. Напротив, оние кои дотогаш гинеа на губилиштата, без оглед дали биле виновни или не, ги повикуваа боговите и луѓето на одмазда.

„Да ме одмаздиш” – тоа се зборови кои до Христа најчесто се слушаа на губилиштата.

За жал, дури и денес може да се слушнат такви зборови кај многу народи, па и кај оние што ce крстат co светиот крст Христов.

A Христос при својот последен здив им проштава на своите исмејувачи, мачители и убијци. Го моли својот Отец небесен и Тој да им прости, и уште врз сето тоа наоѓа и оправдание за нив – вели, „не знаат што прават!”

Зошто токму оваа поука за проштавање Господ ја повторува и на крстот?

Од безброј други поуки што ги дал на луѓето, зошто токму оваа поука ја одбра, а не некоја друга, да ја искаже co својата божествена уста на крајот, токму на самиот крај?

Несомнено затоа што сакал посебно оваа поука да се запамети и да се исполнува. Во незаслужените маки на крстот, повеличествен од секое величество од овој свет и возвишен над судиите и царевите земни, над мудреците и учителите, над богатите и сиромасите, над општествените реформатори и побунениците, Господ Исус Христос co примерот на проштавањето го запечатил своето евангелие.

Co тоа да покаже дека без проштавање

ниту царевите можат да царуваат,

ни судиите да судат,

ни мудреците да мудруваат,

ни учителите да учат,

ни богатите и сиромасите да живеат живот човечки а не скотски,

ниту силните реформатори и побуненици нешто полезно да сторат.

А пред сѐ и по сѐ, да покаже дека без проштавање неговото евангелие луѓето не можат да го разберат и – уште помалку – да го исполнуваат.

Co зборовите за покајанието Господ ја почнал својата наука, a co зборовите за проштавањето ја завршил.

Покајанието е семе, а проштавањето е плод.

 

He му се дава благодарност на неплодното семе, туку само на плодното. Никакво покајание нема вредност без прошка.

Ha што би личело општеството без проштавање?

Еден ѕверилник среде природниот ѕверилник.

Што би биле сите човечки закони на земјата освен неподносливи синџири, ако не ги ублажува проштавањето?

Зар без проштавање мајката може да се нарече мајка, и братот брат, и пријателот пријател, и христијанинот христијанин?

He. Проштавањето е главната содржина на сите овие именувања.

Ако не постоеја зборовите: прости ми! и: нека ти е простено!, човечкиот живот би бил совршено неподнослив.

He постои таа мудрост на земјата, која би засновала ред и би утврдила мир меѓу луѓето без примена на проштавање.

И не постои училиште или воспитување, кое ќе ги направи луѓето великодушни и благородни без вежби во проштавањето.

Што на човекот му користи сета негова светска ученост, ако тој не е во состојба да му прости на својот ближен за еден навредлив збор или за еден навредлив поглед?

Ништо.

И што му помагаат на човекот 100 литри масло пред олтарот, ако секој литар не е сведок барем за една простена навреда? Ништо.

Кога би знаеле колку молчешкум ни се проштава секој ден и секој час, не само од страна на Бога, туку и од страна на луѓето, и ние од срам би побрзале на другите да им простиме!

Колку навредливи зборови неволно изговараме, на кои добиваме одговори co молчење, колку лути погледи, колку непристојни движења, па дури и недозволени дела!

И луѓето поминуваат преку тоа, не враќајќи ни око за око и заб за заб. А што да кажеме за Божјото проштавање?

За ова проштавање е недоволен секој човечки збор.

Боговски збор е потребен, за да ја опише длабочината на Божјото милосрдие и Божјото проштавање. Таков збор ни кажува денешното евангелие.

Кој друг на небото и на земјата би можел да го искаже и да го опише тоа што е во Бога, освен единствениот Господ Исус Христос, превечниот Син Божји?

„Никој не Го познава Отецот, освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие” (Мат. 11, 27).

Неизмерното Божјо проштавање Господ Исус Христос го изразил co параболата за големиот должник.

За ова повод му дал апостол Петар, кој го прашал до колку пати треба да му се прости навреда на својот брат, дали до седум пати?

На ова Господ одговорил co знаменитите зборови:

„He ти велам до седум, туку до седумдесетпати пo седум.” Споредете ги овие две кажувања и ќе ја видите разликата помеѓу човекот и Бога.

Пренесено од книгата “Омилии” (Недела единаесетта по Духовден, Евангелие за проштабањето (Матеј 18, 23-35; Зач. 77)

Подготви М. Даниловска

Претходна статијаКОЈ Е МОЈОТ БЛИЖЕН (извадок)
Следна статијаНавистина има луѓе кои потсетуваат на мувите! (Старец Пајсиј)