Светото Писмо вели дека постојат седум ангели на највисокиот чин, врховни кнезови ангелски, кои постојано стојат најблиску до Бога и до непристапната слава Божја.
Во книгата на светиот Товит пишува дека сопатник на младиот Товија објавува дека тој е еден од седумтемина ангели што стојат пред Бога (Тов.12,15).
И Свети Јован Богослово во своето „откровение“ спомнува седум врховни ангели, говорејќи :
„Благодат вам и мир од Оној, Кој е, и Кој бил, и Кој иде, и од седумтте духови кои се пред Неговиот престол “ (Откр. 1, 4).
Значи, од тие седум ангели еден е Свети Гаврил, според бројот втор по ред, зашто Свети Михаил е прв.
А пак, по имиња тие вака се набројуваат:
Михаил, Гаврил, Рафаил, Урил, Селатил, Јегудил и Варахил.
Некој може да запраша: зошто Бог не го испрати кај Пресветата Дева првиот по број, ангелот Михаил, туку вториот, Гаврил?
Треба да знаеме: сите седум врховни ангели по достоинство се еднакви меѓу себе, и само по набројувањето започнуваат со Михаил и секој од нов има своја посебна служба:
Михаил е победник на противниците;
Гаврил е весник на Тајните Божји;
Рафаил е лекар на човечките слабости;
Урил е просветител на помрачените, зашто тој е сјајот на Божествениот оган;
Селатил е молитвеник , зашто тој постојано му се моли на Бога за луѓето и ги потикнува луѓето на молитва;
Јегудил е славител на Бога, зашто тој, што и да прават луѓето ги утврдува во слава Божја и измолува награда за нив;
Варахил е давател на Божјиот благослов и наш посредник на Божјите доброчинства.
Значи, Михаил не бил испратен за благовеста , оти тоа не е негова служба; негова служба е да држи меч, да удира на непријателите и да ги прогонува.
Беше испратен Гаврил, зашто неговата служба е да ги јавува тајните Божји, како што на Светиот пророк Даниил му го објави ослободувањето на Божјите луѓе од Вавилон и времето на доаѓањето на Месијата и на светиот Захариј – раѓањето на светиот Преттеча од мајка неротка.
А се вели дека тој и светиот пророк Мојсеј го упатувал во пустината при пишувањето на Книгите на постанокот.
Постои побожно мислење дека тој им благовестувал на светите праведници Јоаким и Ана за зачнувањето на Пресвета Богородица и дека на Пречистата Дева од зачнувањето до раѓањето и бил ангел хранител и дека носел храна во Светињата над светињите.
Тој ја донесе благата вест за зачнувањето на Синот Божји.
Гаврил бил испратен и за да може да се препознае благовештението според неговото име.
Зашто името Гаврил значи Крепост Божја или Бог и Човек….
Зашто Свети апостол Павле вели:
„Нели сите се тие службени духови, определени да им служат на оние, кои ќе го наследат спасението“ (Евр. 1,14).
Пренесено од книгата – ЖИТИЈАТА НА СВЕТИИТЕ
Подготви Мина Даниловска